Жени на работ од нервен слом: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Дејство: правописна исправка, replaced: зајаци → зајци using AWB
с →‎Дејство: Јазична исправка, replaced: пијалок → пијалак
Ред 27:
Телевизиската актерка Пепа Маркос живее во својот голем апартман со многу кокошки, зајци и други животни кои таа ги собрала. Нејзиното момче Иван тукушто ја оставил, па таа е во депресија и пие апчиња за спиење. Таа и Иван работат на синхронизација на странски филмови; гласот со кој ја придобива неа и многу други жени е истиот кој го користи во својата работа. Тој се спрема да оди на пат, најверојатно со друга жена, и ја замолува Пепа да му ги спакува сите негови работи од кај неа, за тој подоцна да помине да го земе куферот.
 
Пепа оди на доктор и добива важна вест, па прави сѐ што може да дојде до Иван за да зборуваат пред да оди на пат. Таа дури се јавува и на неговата поранешна сопруга Лусија, која е ментално нестабилна. Лута, Пепа спрема гаспачо, омилениот пијалокпијалак на Иван, и во него става 30 апчиња за спиење. Потоа, сакајќи да изгори спомен од нив двајца, го изгорува целиот кревет. Таа остава порака за Иван, но гледа како Лусија ја врла в ѓубре, па фаќа такси да ја следи. Таксистот е некој ексцентричен маж кој обожува мамбо музика и е голем обожувател на Пепа. Тие ја следат Лусија и ја откриваат нејзината адреса. Истата вечер, главната вест на вестите е дека група Шиитски терористи биле фатени, а тоа ја преплашува Кандела, најдобрата пријателка на Пепа, која почнува нервозно да ѝ се јавува. Пепа ја поминува цела ноќ пред станот на Лусија надевајќи се дека ќе го најде Иван. Иако тој не доаѓа дома, таа дознава нешто што пред тоа не знаела: Иван и Лусија имаат син – Карлос.
 
Пепа се враќа дома в зори и гледа дека телефонската секретарка е преполнета со пораки од Кандела. Во лутина, таа го корне телефонот и го фрла низ прозорецот. Кандела пристигнува, преплашена, но пред да успее да ја објасни зошто е исплашена, Карлос и неговата свршеница Мариса пристигнуваат во станот на Пепа, која го ставила на продажба, а овие сакаат да го видат. Пепа и Карлос откриваат кои се, додека Кандела се обидува да се самоубие. Малку подоцна, Мариса пие од гаспачото и паѓа во длабок сон. Кандела конечно добива шанса да објасни дека се вљубила во некој човек кој со неговите пријатели привремено се вселил кај неа, но излегува дека тие се терористите кои ги фатиле и неа ѝ е страв да не дојде полиција по неа. Пепа оди да побара адвокат за неа, и изненадно влегува во истото такси како претходниот ден. Има нешто чудно кај Паулина, адвокатот кај кој таа пристигнува. Таа се спрема да отпатува за Стокхолм, во еден момент и Иван се јавува во нејзината канцеларија, а Паулина очигледно ја познава Пепа и е многу дрска према неа. Во меѓувреме, Кандела му открива на Карлос дека терористите планираат да киднапираат авион кон Стокхолм таа вечер. Карлос го поправа телефонот и набрзина се јавува во полиција, спуштајќи пред да можат да го идентификуваат повикот, или барем тој така мисли, и изненадно ја бакнува Кандела.