Дизниленд Париз: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: консумеризам → потрошуваштво
с →‎top: Правописна исправка, replaced: пијалоци → пијалаци (2)
Ред 80:
Дополнително бил создаден и Дизни фестивал.
 
За проценетата секојдневна посетеност од 55.000 луѓе, Евро Дизни предвидел послужување на 14.000 луѓе на час во Евро Дизниленд паркот. За да се оствари тоа, 29 ресторани биле изградени во внатрешноста на паркот, 11 во хотелите на Евро Дизни и 5 во областа каде се одржувал фестивалот Дизни. Менито и цените варирале а доминантни биле американските зачини. Забраната за служење на алкохолни пијалоципијалаци во паркот, која била воведена од порано, останала и понатаму.
 
Биле монтирани и 2.300 патио седишта (30% од местата за седење во паркот) со цел да се задоволи желбата на Европејците да јадат на отворено во пријатни временски услови. Во кујните каде се создаваат нови типови на храна во Светот на Волт Дизни, рецептите биле прилагодени за европскиот вкус. Волтер Мајер (Walter Meyer), одговорен за проширувањето на листата со јадење во Евро Дизни и за послужувањето на храната во Светот на Волт Дизни изјавил: „Има некои работи што треба да ги смениме, но повеќето луѓе сè уште ни велат: Прави го своето. Прави го американското’.”
Ред 112:
И покрај напорите, во мај 1992 година дневната посетеност на паркот изнесувала околу 25.000 луѓе (според некои извештаи 30.000), што било половина од претходно, кога паркот дневно го посетувале и до 60.000 луѓе. Цените на акциите на компанијата Евро Дизни скокале надоле и на 23ти јули 1992 година Евро Дизни ја објавил очекуваната нето загуба во својата прва година од работењето, која изнесувала околу 300 милиони француски франци. Во текот на првата зима од отварањето на Евро Дизни посетеноста на хотелите била многу мала и поради тоа било одлучено да се затвори Newport Bay Club во текот на сезоната.
 
Единствена надеж им била просечната дневна добивка од 33 американски долари од посетител, но кон крајот на 1992та анализите покажале 12% помала добивка од очекуваната. Напорите да се зголеми посетеноста вклучиле и послужување алкохолни пијалоципијалаци заедно со храната во внатрешноста на паркот од 12 јуни 1993 година, како претпоставка дека тоа е она што го бараат Европејците.
 
Во јануари 1994 година, Санфорд Литвак (Sanford Litvack), адвокат од Њујорк и поранешен американски помошник јавен обвинител, бил назначен за главен преговарач во однос на иднината на Евро Дизни. На 2б февруари Литвак дал понуда (без согласност од Ајснер или Френк Велс) да се поделат долговите помеѓу доверителите на Евро Дизни и Дизни. Ајснер и Велс ги известил дури откако банките пројавиле интерес. На 14 март, денот пред годишниот состанок на акционерите, банките се согласиле на барањата на Дизни.