Разлика помеѓу преработките на „Исхрана“

Нема измена во големината ,  пред 1 година
с
Правописна исправка, replaced: пијалоци → пијалаци (4)
с (Правописна исправка, replaced: пијалоците → пијалаците (3))
с (Правописна исправка, replaced: пијалоци → пијалаци (4))
Водата се излачува од телото во неколку форми вклучувајќи ја урината и изметот, потењето и преку водна пареа во издишаниот здив. Според тоа потребна е соодветна повторна хидратација за да се заменат изгубените течности.
 
Последните препораки во врска со количината на вода потребна за одржување на добро здравје посочуваат дека за одржување на правилна хидратација дневно се потребни 6-8 чаши вода. Сепак, не постои одреден веродостоен научен извор во врска со сфаќањето дека една личност треба да консумира 8 чаши вода дневно. Оригиналната препорака за внес на вода од страна на Одборот за храна и исхрана на Националниот совет за истражување од 1945 година гласи: "Нормалниот стандард за различни личности е 1 милилитар за секоја калорија од храна". Повеќето од овие количини се содржат во подготвената храна. Скорешни споредувања на добро познати препораки за внес на течности открија огромни разлики во обемот на вода кој треба да го консумираме за добро здравје. Според тоа за да се помогне во стандардизирање на насоките, препораките за консумација на вода се вклучени во два документа (2010) на Европската управа за безбедност на храната (ЕУБХ): (1) Насоки за исхраната (2) Вредноста на водата во врска со исхраната или соодветна дневна доза (СДД). Овие карактеристики се добиени со пресметување на соодветната доза од измерени кунсумирања во населенија од индивидуи со "пожелни осмоларни вредности на урина и пожелни консумирани количини на вода за единица енергија". За здрава хидратација, тековните насоки на ЕУБХ советуваат вкупна доза на вода од 2.0 литри/ден за возрасни жени и 2.5 литри/ден за возрасни мажи. Овие референтни вредности вклучуваат вода од вода за пиење, од други пијалоципијалаци, како и од храна. Околу 80% од нашите дневни потреби за вода доаѓаат од пијалаците кои ние ги пиеме, со тоа што останатите 20% доаѓаат од храната. Содржината на вода се менува во зависност од видот на храна која се кунсумира, така што на пр. овошјето и зеленчукот содржат повеќе отколку житариците. Овие вредности се проценуваат со користење на шаблони за рамнотежа на храната за секоја држава објавени од страна на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации. Други насоки за исхраната исто така имаат импликации во врска со пијалаците кои ги консумираме за здрава хидратација - на пр. Светската Здравствена Организација (СЗО) советува дека додадените шеќери не треба да зафаќаат повеќе од 10% од целосниот внес на енергија.
 
Панелот на ЕУБХ исто така, одреди дози за ралични популации. Препорачаната количина на внесување течности кај постарата популација е иста како и за возрасните. И покрај пониската консумација на енегрија, потребата од вода во оваа група на луѓе е зголемена поради намалениот капацитет на бибрезите. На бремените жени и доилките потребни им се додатни течности за да останат хидратирани. Панелот на ЕУБХ предлага дека бремените жени треба да консумираат иста количина на вода како и жените кои не се бремени, како и зголемен внес пропорционално на зголемениот внес на енегрија, кој треба да изнесува 300 мл/ден. За да надоместат за зголеменото исфрлање на течности, на доилките им се потребни додатни 70мл/ден над препорачаната доза за жените кои не лактираат.
Основното "гориво" кое телото го користи за време на вежбањето се јаглеродните хидрати, кои се складирани во мускулите во форма на гликоген - еден вид на шеќер. За време на вежбање, резервите на гликоген од мускулите може да се искористат особено кога активностите траат подолго од 90 минути. Бидејќи зачуваната количина на гликоген во телото е ограничена, за спортистите е многу важно да го надоместат гликогенот со внесување на храна богата со јаглеродни хидрати. Исполнувањето на енергетските потреби може да помогне во подобрување на резултатите во спортот како и да ја подобри целокупната сила и издржливост.
 
Постојат различни видови на јаглеродни хидрати - прости или рафинирани и нерафинирани. Еден типичен Американец консумира околу 50% од јаглеродните хидрати во форма на обични шеќери кои се додадени во храната, за разлика од шеќерите кои доаѓаат природно од овошја и зеленчуци. Овие обични шеќери во големи количини се присутни во газираните пијалоципијалаци и брзата храна. За време на една година, просечниот Американец консумира 54 галони газирани пијалоципијалаци, кои ги содржат најголемите количини додадени шеќери. Иако јаглеродните хидрати се потребни за луѓето да можат да функционираат, воопшто не се еднако здрави. Кога машинеријата се користи за да се отстрануваат делчиња од растителните влакна, јаглеродните хидрати се рафинираат. Ова се јаглеродните хидрати од белиот леб и од брзата храна.
 
=== Неисхранетост ===
Истражувањето покажува дека подобрувањето на свеста за изборот на хранливи оброци и воспоставување на долготрајни навики за здрава исхрана има позитивен ефект на когнитивниот (сознајниот) и просторниот капацитет на помнењето, можно зголемувајќи го потенцијалот на студентот да преработува и помни академски информации.
 
Некои организации почнаа да работат со учители, креатори на политики, раководни претприемачи за услуги во исхраната за да ги управуваат подобрената хранлива содржина и зголемените хранливи ресурси во училишните кафетерии, од основни институции до ниво на универзитети. Докажано е дека здравјето и исхраната се тесно поврзани со целосниот образовен успех. Моментално, помалку од 10% од студентите во Американските колеџи се изјасниле дека ги јадат петте препорачани оброци на овошје и зеленчук дневно. Подобрата исхрана се покажало дека има позитивен ефект, како на когнитивниот така и на просторниот мемориски резултат. Едно проучување покажа дека оние со повисок степен на шеќер во крвта се покажале подобри на одредени мемориски тестови. Во едно друго проучување, оние кои консумирале јогурт се покажале подобри на задачи за размислување во споредба со оние кои консумирале диетални газирани пијалоципијалаци без кофеин и слатки. Недостатоците на храна исто така покажале дека имаат негативен ефект врз учењето кај глувци уште во 1951 година.
 
"Подобрите резултати во учењето се поврзуваат со ефекти предизвикани од храна во поглед на способноста за учење и помнење"