Разлика помеѓу преработките на „Кинеска кујна“

Одземени 3 бајти ,  пред 1 месец
с
Правописна исправка, replaced: пијалоци → пијалаци
с (Правописна исправка, replaced: пијалоци → пијалаци)
 
Нудлите се мошне важен дел од кинеската кујна. Во многу делови од Кина, особено во [[северна Кина]], предоминираат [[пченица|пченичните]] производи како [[нудли]]те и мантите, додека пак во [[јужна Кина]] предоминира оризот. И покрај важноста на оризот во кинеската култура, по крајно формални прилики оризот сосема се испушта; во таков случај оризот се служи само кога сите други јадења се завршени, или пак како симболично јадење од пржен ориз на крајот на оброкот. [[Супа|супите]] и [[чорба|чорбите]] се служат на почетокот на [[оброк]]от, освен во јужна Кина, каде се служат на крајот.
 
За разлика од другите кујни, оброкот во Кина не завршува со десерт. Слатко јадење може да се послужи само на крајот на формалните ручеци или гозби, и истото се состои од [[овошје]] или [[Тунг суј|слатка чорба]] (糖水 = шеќерна вода) која се служи топла.
 
=== Јадења на национално ниво ===
 
== Прибор за јадење ==
Во кинеската култура, [[Стапчиња за јадење|стапчињата]] се главниот [[прибор за јадење]] на цврсти храни, додека супите, чорбите и другите течности се консумираат со широка, [[супена лажица|лажица]] со рамно дно (традиционално [[керамика|керамичка]]). Секојдневните стапчиња се изработуваат од [[дрво (материјал)|дрво]], [[пластика]] или [[бамбус]], додека полуксузните стапчиња се прават од [[слонова коска]] и [[сребро]].
 
== Изглед ==
[[Податотека:文會圖.jpg|thumb|left|280px|Гозба во двор. Династија [[Сунг (династија)|Сунг]], според оригинал од династија [[Танг (династија)|Танг]]]]
Највеќето храни во кинеската кујна се припремаат во парчиња со големина на залци, спремни за земање. Во Кина употребата на [[нож]]еви и [[вилушка|вилушки]] на маса се смета за [[варварин|варварска]] бидејќи тие се сметаат за [[оружје]]. Исто така се смета за нељубезно гостите да се напрегаат во сечење на храна. [[Риба]]та обично се готви и служи цела, па гостите земаат парчиња со стапчињата, за разлика од други кујни каде таа прво се [[филета|филетира]]. Ова доаѓа од желбата храната да се служи што по свежа, и поважно, целата риба има културно занчење на целосност на нештата и има исправен почеток (глава) со крај (опашка). Во рестораните често пати служителот ја дели рибата на порции со две вилушки. [[Кокошка|Пилешкото]] е исто така мошне популарно во кинеската кујна. Слично на рибата, кокошката се сече на парчиња, но се служи и заедно со утробата и главата за да се запази целовидноста.
 
Кај кинескиот оброк секој гостин добива свој сад со ориз додека другите јадења се служат на заеднички чинии и сите земаат од нив, залак по залак. Ова значително се разликува од позападните оброци, каде секој гостин однапред добива своја порција со сѐ што треба да се послужи.
 
== Пијалаци ==
Според традиционалните кинески сфаќања, ладните [[пијалак|пијалаци]] се сметаат за лоши по [[варење (организам)|варењето]] на топлата храна, па така разладена вода и [[безалкохолен пијалак|безалкохолни пијалаци]] не се служат за време на оброкот. Затоа со јадењето обично се служи топол [[чај]] или топла вода. Се смета дека тие се полезни за варењето на масните храни. И покрај оваа традиција, денес пивото и безалкохолните пијалоципијалаци се популарен додаток на јадењето.
 
== Поврзано ==
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Кинеска кујна|*]]