Исхрана: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: 6-ти век → 6 век, 9-ти век → 9 век (2), 0-ти век → 0 век (2) using AWB
с Правописна исправка, replaced: пијалоците → пијалаците (3)
Ред 103:
Водата се излачува од телото во неколку форми вклучувајќи ја урината и изметот, потењето и преку водна пареа во издишаниот здив. Според тоа потребна е соодветна повторна хидратација за да се заменат изгубените течности.
 
Последните препораки во врска со количината на вода потребна за одржување на добро здравје посочуваат дека за одржување на правилна хидратација дневно се потребни 6-8 чаши вода. Сепак, не постои одреден веродостоен научен извор во врска со сфаќањето дека една личност треба да консумира 8 чаши вода дневно. Оригиналната препорака за внес на вода од страна на Одборот за храна и исхрана на Националниот совет за истражување од 1945 година гласи: "Нормалниот стандард за различни личности е 1 милилитар за секоја калорија од храна". Повеќето од овие количини се содржат во подготвената храна. Скорешни споредувања на добро познати препораки за внес на течности открија огромни разлики во обемот на вода кој треба да го консумираме за добро здравје. Според тоа за да се помогне во стандардизирање на насоките, препораките за консумација на вода се вклучени во два документа (2010) на Европската управа за безбедност на храната (ЕУБХ): (1) Насоки за исхраната (2) Вредноста на водата во врска со исхраната или соодветна дневна доза (СДД). Овие карактеристики се добиени со пресметување на соодветната доза од измерени кунсумирања во населенија од индивидуи со "пожелни осмоларни вредности на урина и пожелни консумирани количини на вода за единица енергија". За здрава хидратација, тековните насоки на ЕУБХ советуваат вкупна доза на вода од 2.0 литри/ден за возрасни жени и 2.5 литри/ден за возрасни мажи. Овие референтни вредности вклучуваат вода од вода за пиење, од други пијалоци, како и од храна. Околу 80% од нашите дневни потреби за вода доаѓаат од пијалоцитепијалаците кои ние ги пиеме, со тоа што останатите 20% доаѓаат од храната. Содржината на вода се менува во зависност од видот на храна која се кунсумира, така што на пр. овошјето и зеленчукот содржат повеќе отколку житариците. Овие вредности се проценуваат со користење на шаблони за рамнотежа на храната за секоја држава објавени од страна на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации. Други насоки за исхраната исто така имаат импликации во врска со пијалоцитепијалаците кои ги консумираме за здрава хидратација - на пр. Светската Здравствена Организација (СЗО) советува дека додадените шеќери не треба да зафаќаат повеќе од 10% од целосниот внес на енергија.
 
Панелот на ЕУБХ исто така, одреди дози за ралични популации. Препорачаната количина на внесување течности кај постарата популација е иста како и за возрасните. И покрај пониската консумација на енегрија, потребата од вода во оваа група на луѓе е зголемена поради намалениот капацитет на бибрезите. На бремените жени и доилките потребни им се додатни течности за да останат хидратирани. Панелот на ЕУБХ предлага дека бремените жени треба да консумираат иста количина на вода како и жените кои не се бремени, како и зголемен внес пропорционално на зголемениот внес на енегрија, кој треба да изнесува 300 мл/ден. За да надоместат за зголеменото исфрлање на течности, на доилките им се потребни додатни 70мл/ден над препорачаната доза за жените кои не лактираат.
Ред 261:
=== Антинутриенти ===
 
Антинутриенти се природни или синтетички соединенија кои пречат во апсорпцијата на хранливите материи. Проучувањата за исхраната се фокусираат на антинутриентите кои често се наоѓаат во храната и пијалоцитепијалаците.
 
=== Преработена храна ===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Исхрана