Римски собранија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Форматна исправка, replaced: календарот за таа година → Календарот за таа година
Ред 2:
'''Римските собранија''' ([[латински јазик|лат.]]: ''Comitia'') биле поделени на три вида ― [[куриатско собрание|куриатско]] ([[латински јазик|лат.]]: ''Comitia curiata''), [[центуриско собрание|центуриско]] ([[латински јазик|лат.]]: ''Comitia centuriata'') и [[трибутско собрание]] ([[латински јазик|лат.]]: ''Comitia tributa'') во зависност од тоа дали граѓаните се собирале организирани по [[курии]] ([[латински јазик|лат.]]: ''Curiae'')<ref>Abbott, Frank Frost (1901). A History and Description of Roman Political Institutions. Elibron Classics ([[ISBN 0-543-92749-0]])</ref>, по [[центурии]] ([[латински јазик|лат.]]: ''Centuriae'') или по [[триби]] ([[латински јазик|лат.]]: ''Tribus''). Сите римски собранија имале законодавна и судска власт, а освен тоа биле одговорни и за изборот на [[римски магистрат|магистратите]], кои имале извршна власт. Иако формално, собранијата постоеле се до III век од нашата ера.
 
Како претходница на трите наведени видови, некои антички извори го споменуваат и собранието наречено '''''comitia calata''''' (што отприлика би значело = "свикани собранија" од ''calare'' = свикување), но неговата функција, како и самото постоење, не е потврдена со сигурност. Според некои истражувачи, ова собрание од најраниот период го свикувал врховниот свештеник - "[[понтифекс максимус]]" (''pontifex maximus'') за на насобраните граѓани да им го соопшти календаротКалендарот за таа година заедно со деновите во кои би можеле да се извршуваат правните работи (практика која кон крајот на IV век п.н.е. ја прекинал [[Гнеј Флавиј]]), за да се изберат некои свештенички колегиуми (''flamines'') и ''rex sacrorum'', или пак, насобраните граѓани да послужат како сведоци при објавувањето на [[тестамент]]ите. Меѓутоа, самото име на ова собрание упатува на неговиот неорганизиран, незадолжителен карактер, а неговите претпоставени функции се сведуваат исклучиво на религиска улога (чинот на сведочење при оставање на завештение имал религиски карактер). Тоа дава повод да се помисли дека едноставно се работело за насобрани граѓани, а не за организирана институција на државната власт.
 
== Наводи ==
{{reflist}}
{{Староримски теми}}
 
[[Категорија:Римски титули]]