Јулијан Отпадникот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Управување: Јазична исправка, replaced: локалното население → месното население
с Правописна исправка, replaced: Сасанидската Империја → Сасанидското Царство (2)
Ред 27:
=== Прогласување ===
[[Податотека:JulianusII-antioch(360-363)-CNG.jpg|thumb|right|180px|Монета на Јулијан (360–363)]]
[[360]] година [[Шапур II]] навлегол во римската империја и по 73 дневна опсада зазел градот [[Диарбеќир|Амида]]. Императорот почнал да се подготвува за нов поход против [[СасанидскатаСасанидското ИмперијаЦарство]], каде војната се одвивала на римска територија, во [[Месопотамија]] и [[Ерменија]] . Азијатските војски требало да бида поткрепени од европските и императорот, загрижен од порастот на неговата популарност, наредил да дојдат најдобрите легиони на Јулијан. Јулијан тоа го примил како знак за недоверба, а и без војска не би можел да ја штити [[Галија]]. Самата војска исто така била незадоволна од таква одлука и се кренала на бунт прогласувајќи го Јулијан за император во [[Париз|Лутеција]]. Самиот Јулијан упорно одбивал секакви понуди, пружел раце, се молел, маѓепсувал да не вршат недолични дела, но накрај се согласил. Константиј II бил известен за тоа во [[Кесарија]], Кападокија. Во своите писма Јулијан се обидел да се оправда за тој чин. Константиј II барал да се одвој на секој начин од тие дела, но војската го охрабрувала и Јулијан се решил на војна. Бидејќи му било невозможно на Константиј II да возврати на предизвикот поради војната со персите, дури во [[361]] година успеал да тргне против узурпаторот. Меѓувреме Јулијан набргу ги победил [[Франки]]те и ги натерал да се согласат на мир. По тоа извршил мошне бргу дислокација, заземајќи ги алпските премини и ставил под своја власт [[Панонија]], [[Илирик]] и [[Италија]]. Само неочекуваната смрт на Константиј II на 3 ноември [[361]] година ја спречила меѓусебната војна. На 11 декември [[361]] година Јулијан влегол во [[Константинопол]] како римски император. Набргу потоа формирал трибунал и следбениците на Константиј II биле жестоко прогонувани.
 
== Управување ==
Ред 42:
 
== Поход во Персија и смрт ==
[[Податотека:Поход на Јулијан.jpg|thumb|left|250px|Поход на Јулијан во Персија]] Главна задача на Јулијан во надворешната политика била борбата со [[СасанидскатаСасанидското ИмперијаЦарство]], тогаш под водството на [[Шапур II]] Долгоракиот ([[309]]—[[379]]). Офанзивата започнала во март [[363]] година со намера да биде заземен главниот град [[Ктесифон]] и да биде востановена римската власт над земите, отстапени од [[Константиј II]]. Мотивите за војната се нејасни, бидејќи сасанидите проводите пратеници за мирно решавање на споровите, но биле одбиени од Јулијан. Според Амијан тој сакал да им се одмазди на Персијците , а желбите му за битки и слава биле дополнителен мотив за да се реши на војна. Исто така гледал можност да го замени кралот Шапур II со неговиот брат Ормизда.
 
Добил поддршка во одговорот на оракулот во старите [[Сибилски книги]], кои „очигледно го поддржуваат преминување на границата годинава“ ([[Амијан Марцелин]], Историја на Рим, XIII, 7), Јулијан тргнал од [[Антиохија]] со 65 000 војска. Решил дека е најпогодно да ја подели војската, за да ја опколи сасанидката престолнина од две страни. Така една војска од 30 000 римјани под водството на [[Прокопиј]] била испратена во [[Ерменија]] со задача да добие поддршка од ерменскиот крал и да нападне од север на Ктесифон. Во истото време Јулијан настапил следејќи го текот на реката [[Еуфрат]] и совладувајќи ги тврдините една по една. Некои од нив се предале сами, други биле заземени со опсада. Победувајќи ги персиските трупи, римската војска дошла до ѕидините на сасанидката престолнина. Пред самите ѕидини на градот поразиле поголемата сасанидска војска ([[Битка кај Ктесифон]]). Наскоро потоа била победена друга уште поголема сасанидска војска. Бидејќи војската на Прокопиј и ерменските трупи не доаѓале, а ѕидовите на Ктесифон се покажале мошне црвсти, во таква состојба Јулијан се откажал да го опсадува и одлучил да се повлече кај римските граници. [[Податотека:Saint Mercurius killing Iulian.jpg|thumb|right|200px|[[Копти|Коптска]] икона, на која свети Меркуриј го убива Јулијан]] Ги запалил вишокот од резервите и сопствената флота, којашто била на реката [[Тигар (река)|Тигар]], и пустошејќи по патот тргнале на север со надеж да наидат на другата римска војска. Кај [[Маранга]] победиле уште една сасанидска војска, која се обидувала да им го пресече патот за повлекување. Во тоа време почнал да се чувствува глад, така што Јулијан наредил да бидат поделени со војниците сите резерви од императорската кујна. На секој начин се обидувал да ги дели со нив тешкотиите и често се изложувал на опасност без некоја потреба. Така кога дознал дека Персијците нападнале еден римски одред, без оклоп, само со штит дотрчал на помош. Во разгорелата се борба бил ранет во раката, но фатален бил убодот од копје, фрлено од кај Персијците, кое го погодило во градите, ги пробило ребрата и се забило во долниот дел на дробот. Трета рана добил во цревата. Така ранет бил пренесен во неговиот шатор каде лекарот [[Орибазиј]] од [[Пергам]] се обидел да го лекува со поливање на раната со темно вино, но за кратко време умрел. Според историчарот Марцелин се до поледниот здив зачувал исклучлива цврстина и беседувал со филозофите Максим и Приск за високите достоинства на човековиот дух.