Алексиј V Дука: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Прво бугарско царство → Прво Бугарско Царство
с →‎Владеење и падот на Царството: Правописна исправка, replaced: Сасанидско царство → Сасанидско Царство
Ред 32:
Уште еднаш победил антилатинскиот правец во [[Источно римско царство|Византија]], но неговиот триумф само го забрзал последниот чин на византиската трагедија. [[Крстоносци]]те се подготвувале со намера уште еднаш да го освојат [[Цариград]], но овојпат не за да доведат нова византиска влада, туку на урнатините на Византија да создадат свое царство. Во [[март]] крстоносците и [[Венецијанска република|Венецијанците]] под ѕидините на Цариград потпишале детален договор за делба на Византиското царство и за создавање на [[Латинско царство]] во Цариград. Потоа почнал јуриш и се случило тоа што морало да се случи на [[13 април]] [[1204]]г. византиската престолнина попуштила пред надмоќните сили на напаѓачите.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 501.</ref>
 
На тој начин Цариград, којшто со векови бил непобеден, пркосејќи им на нападите на [[Сасанидско царствоЦарство|Персијанците]] и [[Праведен калифат|Арабјаните]], [[Аварски каганат|Аварите]] и [[Словени]]те, [[Прво Бугарско Царство|Бугарите]], [[Киевска Русија|Русите]] и [[Печенези]]те, паднал во рацете на крстоносците и Венецијанците. Три дена и три ноќи освојувачите го ограбувале градот и чинеле свирепи насилства. Скапоцените богатства на најголемиот културен центар на тогашниот свет, растргнати биле на сите страни, а дел од нив и дивјачки уништени. „Откако постои светот, во ни еден град не е добиен толкав плен“, вели историчарот на крстоносците [[Жофроа де Вилардуен|Вилардуен]]. „Дури и Сарацените се помилосрдни и поблаги во споредба со овие луѓе кои на рамената го носат [[Христос|Христовиот]] крст“, забележува византискиот очевидец [[Никита Хонијат]]. По поделбата на воениот плен дошла делбата на Византиското царство, којашто го запечатила неговиот слом и за подолго време ги потиснала силите на [[Ромеи|Византијците]] на периферијата.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 501-502.</ref>
 
== Наводи ==