Констанциј II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Војни: Правописна исправка, replaced: Сасанидско царство → Сасанидско Царство
Ред 13:
 
== Војни ==
На исток започнала тешка борба со персите од [[Сасанидско царствоЦарство|Сасанидската Империја]] под водството на [[Шапур II]]. Во тие борби Констанциј не бил доволно енергичен, кои главно биле за месопотамските тврдини. За среќа на римјаните, персите била нападнати од [[хионити]]те. Сите борби завршиле лошо за римјаните, најповеќе таа кај Сингара, каде поради лошата дисциплина на војската испуштиле речиси добиена победа. [[350]] година генералот [[Ветраниј]] се прогласил за император. При средбата на двете војски кај [[Софија|Сердика]], Константиј со силата на своите зборови ја натерал целата војска на противникот да премине на негова страна. Ветраниј бил разрешен, но од почит кон неговата возраст оставен жив.
 
Дури во [[351]] година го победил узурпаторот [[Магнетиј]] во [[Битка кај Мурса|битката кај Мурса]]. Победен наново во [[353]] година Магнетиј извршил самоубиство, а нешто по тоа Константиј го убил и Гал. На тој начин станал господар на целата Римското Царство. Се јавиле нови проблеми на границата со германските племина и бидејќи зафатен со војната на исток, го прогласил [[Јулијан Отпадник|Јулијан]] за цезар, кој успеал да ги порази напаѓачите. [[358]] година започнала војна со [[сармати]]те. Есента, кога [[Дунав (река)|Дунав]] бил полн, римјаните ја преминале реката и нападнале на противникот. Сарматите биле поразени и побегнале, а по нив биле поразени и [[квади]]те, кои им дошле на помош. Накрај биле растурени и [[лимиганти]]те. Со тоа била заштитена дунавската граница и запрена наездата на барбарски племиња.