Разлика помеѓу преработките на „Студена војна“

Одземени 4 бајти ,  пред 1 месец
с
→‎Крајот на Студената војна: Јазична исправка, replaced: локалното население → месното население
с (→‎Втора студена војна: Исправка на неважечки формат во наводи, replaced: publisher=''→ publisher=, ''}} → }} using AWB)
с (→‎Крајот на Студената војна: Јазична исправка, replaced: локалното население → месното население)
 
До тогаш веќе и сојузниците на СССР слабееле - комунистичките режими во Источна Европа биле на заминување, а новите демократски власти биле повеќе заинтересирани за сојузништво со Западот отколку со СССР. И во самиот СССР, најпрво комунистичката власт била принудена да го напушти монополот на власта по 73 години во 1990, а потоа се распаднал веќе во следната 1991 на 15 независни држави.
 
И покрај брзиот и релативно мирен крај, Студената војна била водена по огромна глобална цена во период од преку 4 децении. Ја чинеле САД околу 8 трилиони долари во воени трошоци, и животот на близу 100.000 американски војници загинати во [[Корејска војна|Кореја]] и [[Виетнамска војна|Виетнам]].<ref>LaFeber 2002, p. 1</ref> Советите платиле уште повеќе во воени трошоци. Војните во југоисточна Азија, како и другите поттикнувани граѓански и герилски војни ширум светот, однеле милиони животи на локалнотомесното население.
 
Крајот на Студената војна им овозможил на обете страни да ги намалат трошоците за одбраната, но и тоа не било без економски последици: во СССР, на пример, барем 20% од работната сила била вработена во воената индустрија.<ref name = "Aslund">Anders Åslund, "How small is the Soviet National Income?" in Henry S. Rowen and Charles Wolf, Jr., eds., ''The Impoverished Superpower: Perestroika and the Soviet Military Burden'' (San Francisco: Institute for Contemporary Studies, 1990), p. 49.</ref> Нејзиното згаснување значело милиони невработени и огромни структурни економски проблеми, поголеми и од они на САД и Германија во [[Големата криза од 1929]].<ref name = "Nolan">Peter Nolan, ''China's Rise, Russia's Fall''. Macmillan Press, 1995. pp. 17–18.</ref>