Африка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Берлинска Конференција: Правописна исправка, replaced: Втората Светска Војна → Втората светска војна (2) using AWB
с →‎IX-XVIII век: Јазична исправка, replaced: локалното население → месното население
Ред 46:
Во шумските предели на крајбрежјето на Западна Африка, со малку влијание од муслиманскиот северен дел, се развиваа независни кралства. Рпи Кралството на Игбо беше едно од првите кралства кое се основа околу IX век. Ова кралство е исто така и едно од најстарите кралства во денешна Нигерија, во кое владееше Езе Рпи. Кралството Рпи е познато по обработката на бронза, која е пронајдена во градот Игбо Укву. Бронзата датира поназад од IX век.
Ифе, историски прво од овие Јоруба градови-држави или кралства, создаде владеење со свет oба (oба значи ,,крал” или ,,владетел” во јазикот Јоруба), наречен Оони на Ифе.Ифе беше познат како главен верски и културен центар во Африка и поради неговата единствена натуралистичка традиција на бронзена скулптура. Обликот на владеење на Ифе се приспособи со оној на Ојо, каде што неговите обас или кралеви, наречени Алефини на Ојо, некогаш контролираа голем број на други Јоруба и не Јоруба градови-држави и кралства, фон Кралството на Дахомеј беше една од не Јоруба областите под контрола на Ојо.
Алморавидите беа Берберска династија од Сахара, кои за време на XI век се распространија во голем дел на северозападниот дел на Африка и Иберскиот Полуостров. Бану Хилал и Бану Маџил беа збир од арапски бедуински племиња од Арабскиот Полуостров, кои помеѓу XI и XIII век мигрираа западно преку Египет. Преселбата резултираше со соединување на Арапи и Бербери, каде што локалнотомесното население беше арапизирано, додека арапската култура прими елементи од локалната култура, со основа од Исламот.
По распадот на Мали, локален лидер, наречен Сони Али (1464-1492), го основа царството Сонгаи во областа на централниот дел на Нигер и западниот дел на Судан и презема контрола врз транс-сахарската трговија. Сони Али го присвои Тимбукту во 1468 и Јене во 1473, градејќи свој режим врз трговските приходи и врз соработката со муслиманските трговци. Неговиот наследник, Аскиа Мухамед I (1493-1528), го направи Исламот службена религија, изгради џамии и донесе муслимански ученици, вклучувајќи го ал-Маџили(1504 ), основачот на значајна традиција на муслиманско учење во суданска Африка, во Гао. До XI век некои Хауса држави, на пример Кано, Јигава, Катсина и Гобир, прераснаа во градови со ѕидови привлечни за трговија, вршејќи услуги на каравани и произведувајќи продукти. Се до XV век овие мали држави беа под суданско владеење и плаќаа данок од Сонгаи на запад до Канем Борно на исток.
=== Достигнување во трговијата со робови ===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Африка