Источновардарска група планини и котлини: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: локалното население → месното население (2)
Ред 8:
'''Котлини''' во оваа група се: [[Струмичко-радовишка Котлина]], [[Малешевска Котлина]] ([[Беровска Котлина]]), [[Делчевска Котлина]] ([[Пијанец]]), [[Кочанска Котлина]], [[Овчеполска Котлина]], [[Кумановска Котлина]] ([[Жеглигово]]) и [[Кривопаланечка Котлина]] ([[Славиште]]). Овие котлини имаат големо стопанско значење особено за развојот на земјоделството. Тие се создале при тонењето на Родопската зона и во почетокот биле исполнети со [[вода]], така што денес се покриени со големи наслаги на [[песок]] и [[глина]].
 
Меѓу нив најпозната и најголема е Струмичко-радовишката Котлина. Таа се наоѓа во источниот дел на [[Република Македонија]] и се вбројува во групата најплодни котлини во републиката. Спуштена е помеѓу планините: [[Беласица]], [[Огражден]], [[Смрдеж]] и [[Малешевски Планини]], а рамниот дел на котлината е поделен на три дела: Струмичко, Радовишко и Дамјанско Поле. Надморската височина е од 100 до 500 метри, од кои најниско е Струмичкото, а највисокот е Дамјанското Поле. Вкупната површина на котлината зафаќа 658 км². Поради поволните климатски и почвени услови во котлината успеваат: раниот зелнчук, [[памук]], [[афион]], [[винова лоза]], [[кикирики]] и др. На многу места во котлината, локалнотомесното население локалнотомесното население направило голем број на оранжери-пластеници. На работ на котлината во подножјето на планината [[Беласица]] се наоѓа и [[Бања Банско]].
 
Во Кочанската Котлина успева оризот, во Малешевската, Пијанец и Кривопаланечката Котлина успеваат овошките и градинарските култури, додека во Кумановската и Овчеполската Котлина успеваат житните и индустриските растенија.