Импулсно-кодна модулација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
с Замена со македонска предлошка, replaced: Commonscat → Ризница-врска
Ред 1:
'''Импулсно-кодната модулација''', скратено '''ИКМ''' (англиски: Pulse-code modulation – PCM) е постапка на претворање на континуалниот облик на [[сигнал]]от во дигитален облик заради понатамошна обработка, пренос или чување. Истата се врши во дигитални уреди и претставува еден од начините аналогниот (континуалниот) сигнал да се изрази преку низа од импулси, односно броеви ([[дигит]]и). Со постапка на одмерување и квантификување на континуалниот сигнал, се добива конечна низа на одмерени и заокружени вредности.
 
 
== Постапка на импулсно-кодна модулација ==
Ред 6 ⟶ 5:
 
За да може континуалниот сигнал да се изрази со низа од [[број|броеви]] (дигити), односно да се претвори во низа од импулси кои претставуваат единици и нули, потребно е да се извршат три основни операции.
 
 
* Одмерување (земање примероци) (англиски: sampling)
Ред 13 ⟶ 11:
 
== Одмерување ==
Земањето примероци претставува процес на дискретизација на континуалниот сигнал по време кој се врши во дефинирани моменти при што се добива поворка на импулси чија анвелопа го дава оригиналниот сигнал. Временскиот интервал меѓу земените примероци мора да биде конечен, и притоа не смее да доаѓа до губење на [[информација|информации]]. За да се обезбеди тоа потребно е спектарот на континуалниот сигнал да биде ограничен. Ако горната гранична вредност на континуалниот сигнал е еднаква на f, тогаш, врз основа на теоремата за земање примероци, фреквенцијата на земање на примероци мора да биде поголема или еднаква на 2f, па интервалот меѓу два последователни примероци е помал или еднаков на 1/(2f). Иако спектарот на телефонскиот говорен сигнал се наоѓа во опсегот од 0,3 до 3,4  kHz, [[фреквенција]]та на земање на негови примероци еднаква е на 8  kHz. Истото е заради тоа што [[филтер|филтрите]] кои се користат за ограничување на [[спектар]]от на говорниот сигнал немаат доволно стрма карактеристика. Временскиот интервал меѓу два последователни примероци на говорниот сигнал е 125 us.
 
 
== Квантизација ==
Работниот опсег на [[амплитуда]]та на континуалниот говорен сигнал е поделен на конечен број на интервали кои се нарекуваат интервали на квантизацијата. На секој од интервалите одговара една вредност на амплитудата кој се нарекува ниво на квантизацијата. Под работен опсег се подразбира доволен опсег на вредности на амплитудата на континуален сигнал во кој уредите предвидени за негова обработка можат да работат. Сите споменати вредности вон работниот опсег ќе бидат отсечени и сместени во интервалите на квантизација кои се наоѓаат на границите на работниот опсег. Квантизацијата е процес при кој големината на примерокот се класифицира во еден од споменатите интервали на квантизација, а потоа се заокружува на вредност на ниво на квантизација која му одговара на тој интервал.
 
 
== Кодирање ==
Ред 24 ⟶ 20:
* А закон, и
* „ми“ закон.
Кодирањето е постапка на генерирање кодни зборови кои изразуваат вредности на заокружените примероци после квантизацијата. тие се состојат од дигити, кои доколку земаат вредности од бинарното множество (вредности 0 и 1) се нарекуваат [[бит]]ови. Со процесот на кодирање се комплетира постапката на импулсно-кодна модулација. Неговата важност е во едноставноста на пренос на битови во однос на импулси кои имаат 2 на n различни вредности.
 
 
== Примена ==
Ред 32 ⟶ 27:
== Историјат ==
Патентирајќи ја постапката за импулсно-кодна модулација на 3 октомври 1938 година, [[Алек Ривс]] не бил свесен за големината на своето откритие, дека ги поставил темелите на современите телефонски комуникации. На ова поле на телекомуникациите се работело уште од [[XIX]] век, во 1853 година американскиот пронаоѓач М. Б. Фармер вршел експерименти со жичен телеграф и истовремен пренос на повеќе телеграфски канали низ еден телеграфски вод. За време на [[Втора светска војна|Втората светска војна]] вршени се експерименти во [[Белови лаборатории|Беловите лаборатории]] каде ИКМ нашол прва практична примена.
 
 
== Литература ==
Ред 42 ⟶ 36:
 
== Надворешни врски ==
{{CommonscatРизница-врска|Pulse-code modulation}}
 
[[Категорија:Телекомуникации]]