Тор (митологија): Разлика помеѓу преработките

Додадени 7 бајти ,  пред 2 години
с
Замена со македонска предлошка, replaced: Commonscat → Ризница-врска
[проверена преработка][проверена преработка]
с (Замена со македонска предлошка, replaced: Commonscat → Ризница-врска)
[[Податотека:Thor.jpg|right|thumb|''Борба на Тор против Етинци'' (1872) од [[Мартен Ескил Винге]]]]
Според [[нордиската митологија]], '''Тор''' ({{lang-non|Þórr}}) е бог со чекан („[[мјолнир]]“) кој се поврзува со [[гром]]овите, молскавиците, бурите, дрвјата [[даб]], силата, заштита на човештвото, како и просветлување, лечење и плодност.
 
==Записи за Тор==
===Римско доба===
[[Податотека:Hermannsweg02.jpg|thumb|The [[Тевтобургска шума|Тевтобургската шума]] во северозападна Германија]]
Најраниот запис за Тор како бог на [[Германи]]те се наоѓа во делото од првиот век на римскиот историчар [[Тацит]] „''Германија''“, каде пишувал за верувањата на германското племе [[Свеви]]. Тацит напишал дека „меѓу боговите, Меркур е најпочитуван. Тие му поднесуваат жртви и понуди на одредени денови, човечки жртви исто така. Херкул и Марс ги чествуваат со животински понуди.“ Тацит споменал дека Свевите ја почитуваат и [[Изида]].<ref name="BIRLEY42">Birley (1999:42).</ref> Во овој случај, Тацит мисли на богот [[Один]] кога вели [[Меркур (бог)|Меркур]], Тор е „Херкул“ и [[Тир]] е [[Марс (митологија)|Марс]], додека идентификувањето на Исис останува нерешено. Во врска со Тор, идентификувањето со богот Херкул доаѓа поради сличноста меѓу чеканот на Тор и оној на Херкул.<ref name="BIRLEY107">Birley (1999:107).</ref>
 
Во деловите на Германија кои биле окупирани од [[Римското Царство]], на парички и други предмети од 2 и 3 век наша ера има латински запис кои се однесуваат на „Херкул“, што можеби се однесува на Тор.<ref name="SIMEK140-142">Simek (2007:140—142).</ref>
 
Првиот вистински запис на името на овој бог се наоѓа на парче накит ([[фибула]]) од 7 век, најдена во [[Баварија]], на која стои јужно германската форма на името - Þonar, односно Тонар.<ref name="SIMEK235-236">Simek (2007:235—236).</ref> Во втората половина на 8 век, на [[староанглиски јазик]] се споменува фигура наречена Þunor односно Тунор, и за која се смета дека е староанглиска верзија на овој бог.<ref name="TURVILLE99">Turville-Petre (1964:99)</ref><ref name="THUNOR">See North (1998:238—241) for {{lang|ang|þunnorad}} and tales regarding {{lang|ang|Thunor}}, see ''Encyclopædia Britannica'' (1910:608) regarding usage of {{lang|ang|Thunor}} as an Old English gloss for ''Jupiter'' and {{lang|ang|[[Týr|Tiw]]}} employed as a gloss for ''Mars''.</ref>
Тор е главниот лик во поемата [[Песните на Харбард]], каде патувајќи од исток стигнува до место каде среќава сплавар кој се претставува како Харбард. Тор бара да го превезе, но сплаварот одбива. На почеток Тор се воздржува, но сплаварот станува агресивен, и наскоро двајцата започнуваат борба со навреди. На крајот, Тор продолжува пешки.<ref name="LARRINGTON69-75">Larrington (1999:69–75).</ref>
 
Тор е исто така главен лик во поемата [[Химисквида]], каде откако боговите ловеле и го изеле пленот, сакаат да пијат. Решаваат да одат кај [[Егир]], а Тор прв стигнува и му вели да подготви гозба за боговите. Егир му вели на Тор дека боговите прво мора да му донесат котел за да направи пиво во него. Боговите барале, но не нашле таков котел никаде. Тир се сетил и му рекол на Тор дека [[Химир]] има таков длабок котел.<ref name="LARRINGTON78-79">Larrington (1999:78—79).</ref> Тор и Тир отишле кај Химир да го побараат котелот. Кога стигнале, Тир ја видел својата баба со деветсто глави и мајка му облечена во злато, која ги пречекала со свирење во рог. Химир не бил среќен што го гледа Тор. Мајка му на Тир им помогнала да јадат соодветен котел. Тор изел голем оброк од два вола, и заспал. Утрото кога се разбудил, Тор му рекол на Химир дека ќе оди на риболов, па ќе има многу храна, но му треба мамка. Химир му рекол најде мамка на неговото пасиште. Тор излегол и му ја исекол главата на најдобриот вол на Химир.<ref name="LARRINGTON78-80">Larrington (1999:79—80).</ref>
 
Понатаму во поемата, Тор и Химир се на брод на морето и ловат риби. Фатиле неколку китови, и во еден момент огромна змија се фатила на мамката. Тор ја извадил змијата на бродот и ја удрил со чеканот. Змијата вреснала, и гласно превртување се чуло од под водата.<ref name="LARRINGTON81">Larrington (1999:81).</ref> Химир бил разочаран и тивок додека пловеле кон брегот. На брегот, Химир му рекол на Тор да му помогне китот да го однесат кај него дома. Тор ги кренал и бродот и двата кита и ги однел. Потоа, Тир и Тор го добиле котелот и заминале. Тир не можел да го крене, а Тор успеал да го тркала. По пат ги нападнала војска од многуглави суштества, кои ги водел Химир. Тор ги убил со чеканот.
 
На крајот успеале да го однесат котелот кај Егир, направиле многу пиво, и од тогаш секоја зима доаѓале кај Егир на пиво.<ref name="LARRINGTON82-83">Larrington (1999:82—83).</ref>
 
===''Прозна еда''===
Во прологот на ''[[Прозна еда|Прозната еда]]'', [[Снори Стурлсон]] го претставува Тор како принц на [[Троја]], и е споменат во сите четири книги.
 
===Скандинавски фолклор===
Приказните за Тор ги има и денес во Скандинавија. Во 19 век, научникот [[Јакоб Грим]] запишал фрази кои останале во германскиот јазик а кои се однесувале на овој бог.<ref name="GRIMM166-177">Grimm (1882:166—77).</ref> Тор и натаму е претставуван како бог со црвена брада.<ref name="GRIMM166-177"/> Во скандинавскиот фолклор се смета дека [[трол]]овите се плашат од грмотевици, а улогата на Тор била да се боти против овие суштества.
 
===Свастика===
[[Податотека:Snoldelevsunwheel.jpg|thumb|Свастика од 9 век]]
[[Свастика]]та како симбол била идентификувана како чеканот или молњата на Тор уште од 19 век.<ref name="19TH-CENTURY-SCHOLARS"> The symbol was identified as such since 19th century scholarship; examples include Worsaae (1882:169) and Greg (1884:6).</ref> Свастиката се појавува на разни германски предмети уште од времето на преселба до викиншкото доба.
 
== Наводи ==
== Надворешни врски ==
 
*{{CommonscatРизница-врска|Thor}}
*[http://myndir.uvic.ca/doc.htm?kwId=ThoR01 Илустрации на Тор]
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Германски божества]]
[[Категорија:Нордиска митологија]]