Микротубула: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
изменета категоризација
с →‎top: Замена со македонска предлошка, replaced: Commonscat → Ризница-врска
Ред 4:
'''Микротубулите''' (од [[Грчки јазик|грчки]] ''micros'' - мал, ''tubulus'' - цевче) се цевковидни [[Органела|органели]] изградени од 13 надолжни редови од глобуларниот [[протеин]] наречен [[тубулин]], чиишто [[молекул]]и се [[Полимер|димери]] составени од α и β протеин. Микротубулите се наоѓаат во сите [[Клетка|клетки]], бидејќи го градат [[Цитоскелет|клеточниот скелет]] кој ја одржува формата на клетката. Тие на [[светлински микроскоп]] се видливи само во сноп, додека на [[електронски микроскоп]] се гледаат и поединечно. Микротубуларниот лумен има [[дијаметар]] од 25 [[Нанометар|nm]].
 
Микротубулите настануваат спонтано, односно со [[полимеризација]] на тубулинските димери, кои, инаку се присутни во [[цитоплазма]]та.
 
Покрај во [[цитоскелет]]от, микротубулите учествуваат и во најразлични движења на клеточните органели. На пример, тие ги придвижуваат [[хромозом]]ите при [[кариокинеза]]та, потоа играат улога во движењето на [[трепки]]те и [[камшиче|камшичињата]], како и во движењето на различни органели што можат да го менуваат местото ([[Митохондрија|митохондрии]] и сл.).
 
{{CommonscatРизница-врска|Microtubules}}
 
[[Категорија:Клетка]]
[[Категорија:Зборови кои ги нема во ТРМЈ]]