Второ српско востание: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: кнежество → кнежевство (2), Кнежество → Кнежевство (2)
с →‎Позадина: Правописна исправка, replaced: чуство → чувство
Ред 26:
По задушувањето на [[Прво српско востание|Првото српско востание]] т.н ''Српско прашање'' не било решено. Везирот Хусрид Паша прогласил амнестија за сите српски востаници. Еден месец подоцна именувал дванаесет оберкнеза во дванаесет нахии на Белградскиот пашалок. На османлиската власт се предале некои од водачите на [[Прво српско востание|Првото српско востание]], меѓу нив имало војводи и кнезови: Глигорије Радоичиќ, Милош Обреновиќ, Лазар Мутап, Арсеније Лома, Милич Дринчиќ, Павле Пљакиќ и Станоје Главаш.
 
Во [[Белград]] била воспоставена власта на Сулејман Паша Скопјанецот, а главната сила на редовната османлиска армија го напуштила Белградскиот пашалок. Меѓутоа, состојбата била сложена со голем број на нерешени прашања, вклучително и најважното прашање - администрацијата. Србите сè уште биле воружени и биле побројни од преостанатите османлиски сили. [[Прво српско востание|Првото српско востание]] оставило горчливо чуствочувство меѓу христијаните и муслиманите, а на двете страни постоеле услови за појава инциденти, судири и злосторства.
 
Во почетокот српските првенци, меѓу кои бил и [[Милош Обреновиќ I|Милош Обреновиќ]] се обиделе да соработуваат со обновената османлиска власт. Кога во 1814 година избувнало т.н [[Хаџи-Проданова буна]], [[Милош Обреновиќ I|Милош Обреновиќ]] се понудил да ја задуши под услов на учесниците во оваа локална буна да им се даде амнестија. Меѓутоа, Сулејман Паша Скопјанецот издал наредба за егзекутирање на некои од бунтовниците, а овој чин меѓу српското население предизвикал страв од можна масовна одмазда врз нив од страна на Османлиите. Убиствата извршени врз некои од учесниците од [[Хаџи-Проданова буна|Хаџи-Продановата буна]] биле повод за започнување на нова борба на Србите против османлиската власт.