Александар Лурија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Додадена категорија using AWB
с →‎Студии на случаи: Јазична исправка, replaced: хемисфера → полутопка
Ред 59:
 
Во првата студија на случај го опишува [[Соломон Шерешевски]], руски новинар и мнемонист кој бил обдарен со такаречи неограничена меморија. Неговите анализи се изнесени во книгата ''Умот на еден мнемонист'' каде не само што ги разгледува уникатните карактеристики на меморијата на Шерешевски туку разоткрива и некои важни аспекти на неговиот ум, однесување и личност. Со него Лурија работел над 30 години и ги разоткривал не само неговите исклучителни надарености туку и уникатните хендикепи кои Шерешевски ги имал во својата личност и секојдневното живеење.
Во втората студија ''Човекот со поклопен ум'' го опишал младиот војник Засетски. Тој имал повреда од пиштол во левата хемисфераполутопка која прдизвикала оштетување на многу виши когнитивни способности што изискувало од Засетски да преучува многу од овие способности со цел да ги компензира оние изгубените обидувајќи се повторно да живее нормален живот. Цели 25 години, користејќи го пишувањето како единствен начин на изразување, Лурија му помогнал на Засетски да ја врати меморија и контактот со реалноста. Овие два случаи го илустрираат интересот на Лурија да развие личносно-насочена психологија која би ја синтетизирала класичната и романтичната наука.
 
Поодоцна во животот Лурија добива бројни награди и признанија како во Советскиот Сојуз така и меѓународно. Долги години останал професор по психологија и претседател по невропсихологија на Московскиот Државен Универзитет и имал долга соработка со Неврохируршкиот Институт Бурденко каде бил директор на невропсихолошката лабораторија.