Скијачко трчање: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
с Јазична исправка, replaced: хемисфера → полутопка
Ред 18:
|obsolete =
|olympic = [[Скијачко трчање на Зимските олимписки игри 1924|1924]]
|paralympic = [[Зимски параолимписки игри 1976 |1976]]
}}
[[Податотека:50k start 6march.jpg|250px|десно|float|мини|Скијачко трчање]]
Ред 25:
== Историја на скијачкото трчање ==
Скијачкото трчање е веројатно најстариот вид на скијање. Настанало првенствено како потреба за едноставен транспорт на луѓе преку заснежени и замрзнати површини во ладните подрачја, особено северна [[Европа]] и [[Азија]]. Едноставни цртежи на човечки фигури кои одат на скии може да се најдат изгравирани во стени во [[Скандинавија]], или на украсени предмети (тапани итн.) од старата лапонска традиција. Во скијачкиот музеј Холменколен ([[Осло]], Норвешка) може да се видат скии за одење од VI век од нашата ера, па сè до XVIII век.
Денес оваа варијанта на скијање е раширена на сите континенти на северната хемисфераполутопка.
 
== Натпреварувања во скијачко трчање ==
Ред 32:
Скијачкото трчање е стандарден спорт на [[Зимски олимписки игри|Зимските олимписки игри]]. Меѓународната скијачка федерација (FIS) исто така организира Светски куп како и Светски првенства.
 
Освен тоа, скијачкото трчање е составен дел на два комбинирани спорта: [[нордиска комбинација]], која го поврзува скијачкото трчање и [[скијачки скокови|скијачките скокови]], како и [[биатлон]]от, кој го поврзува скијачкото трчање и [[стрелаштво]]то.
 
== Стилови на скијачко трчање ==
Ред 39:
Кај класичниот стил највообичаен е дијагоналниот чекор, кај кого замавот со рацете и нозете се изведува наизменично, со оттурнување со по една штека. Постои и чекор кај кој се користи истовремено оттурнување со двете штеки, со замав само на едната нога или без ножен замав. За нагорнина се користи т.н. „рибја коска“, при што зад скијачот остануваат траги по чиј облик овој чекор го добил името.
 
Слободниот стил за разлика од класичниот дозволува странично оттурнување со скиите кои не мораат да бидат паралелни. Варијанти на овој чекор потсетуваат на чекорот на оттурнување кој го користат лизгачите при брзо лизгање или при возење ролери, иако се разбира вклучува и оттурнување со штеките.
 
При двете техники при минување на надолните се користи аеродинамична наведната положба слична на положбата на алпски скијач при [[спуст]]. Исто така при вртење на надолнина, натпреварувачот може да употреби и телемарк техника, имајќи предвид дека [[скијачки спојки|ски-спојката]] му дозволува подигнување на петицата од површината на скијата.
Ред 45:
== Здравствена страна на скијачкото трчање ==
Скијачкото трчање се вбројува меѓу спортовите со најдобар распоред на работа на телото на целокупната мускулатура, но и меѓу спортовите каде телото најприродно го поднесува напорот на физичката активност. Едноставно речено, тешко дека може да се замисли подобра физичка активност, особено во зимските месеци кога условите за занимавање со спорт – особено со аеробен спорт, се намалуваат драстично.
Натпреварувачите кои се занимаваат со овој спорт претставуваат школски пример за балансирано градени атлети.
 
Повредите се многу ретки. Типичните повреди кои се јавуваат при алпско скијањеалпското скијање (паѓања, кршење на коски) овде нема ни говор. Евентуалните паѓања при скијачкото трчање се случуваат при мали брзини и на мека подлога.
Ред 52:
 
== Опрема за скијачко трчање ==
За скијачко трчање потребни се [[скии]], кои во споредба со скиите за [[алпско скијање]] се битно потесни и подолги. За класичен стил скиите се долги од 195 до 210 [[см]], додека за слободен стил се долги од 170 до 200 см. <ref name=oly>{{cite web|title=Cross Country Skiing Equipment and History|url=http://www.olympic.org/cross-country-skiing-equipment-and-history?tab=history|publisher=International Olympic Committee|accessdate=}}</ref> [[Скијачки стапови|Скијачките стапови]] се исто така подолги отколку кај алпските варијанти, бидејќи ваквите штеки овозможуваат поефикасно оттурнување. Скијачки спојкиСкијачките спојки во скијачкото трчање овозможуваат подигање на петицата од површината на скијата, додека прстите се прицврстени така што овозможуваат оттурнување и притисок на скијата.
 
Цената на опремата е значително пониска во споредба со опремата за алпско скијање.