Јелоустоун: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с →top: Јазична исправка, replaced: хемисфера → полутопка |
|||
Ред 21:
'''Националниот парк Јелостоун''' е заштитен од [[Конгресот на САД]] на 1 март 1872, и е сместен во државите [[Вајоминг]], [[Монтана]] и [[Ајдахо]]. Паркот бил прв од својот вид во светот, и е познат по животинскиот свет и по геотермалните извори. Индијанците го населувале овој регион уште пред 11.000 години. Организирано истражување на областа немало сѐ до 1860-ти години.
Паркот опфаќа површина од 8.983 км², (приближно колку 1/3 од површината на Република Македонија) со езера, кањони, реки и планински венци.<ref name="facts"/> Езерото Јелостоун е едно од најголемите планински езера во САД, и се наоѓа во кратерот на вулкан кој сѐ уште се смета за активен. Половина од светските геотермални појави се во Јелостоун, предизвикани од постојаниот вулканизам.<ref name="geothermal">{{Наведена мрежна страница| title =Geothermal Features and How They Work| publisher = National Park Service| date = 17 февруари, 2007| url =http://www.nps.gov/yell/naturescience/geothermal.htm| accessdate = 2007-04-08}}</ref> Истечена [[лава]] и карпи исфрлени од ерупции ја прекриваат површината на паркот. Паркот го претставува најголемиот преостанат речиси недопрен екосистем на северната Земјина
Стотици видови на цицачи, птици, риби и влекачи се документирани, вклучувајќи и некои кои се загрозени или во опасност од исчезнување.<ref name="facts"/> Огромните шуми и ливади се населени и со ендемични видови на растенија. Во паркот живеат и гризли мечки, сиви волци и слободни стада на бизони и елени. Секоја година се случуваат и шумски пожари: во 1988 изгорела речиси една третина од паркот.
|