Разлика помеѓу преработките на „Чикаго Булс“

Додадени 5 бајти ,  пред 1 година
с
Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г., 1 год. → 1 г., 2 год. → 2 г., 4 год. → 4 г., 9 год. → 9 г.
с (Правописна исправка, replaced: кој што → којшто (2) using AWB)
с (Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г., 1 год. → 1 г., 2 год. → 2 г., 4 год. → 4 г., 9 год. → 9 г.)
Артис Гилмор беше избран на АБА драфтот во 1976 година.Тој беше предводник на тимот, негови соиграчи беа Реџи Теус, Давид Гринвуд и Орландо Вулриџ.Во 1979 година ја изгубија шансата да изберат први играч на драфтот, но сепак се задоволија со изборот на вториот играч со име Давид Гринвуд.Истиот година на драфтот тимот на Лос Анџелес Лејкерс го избраа Меџик Џонсон. По замената на Гилмор во тимот на Сан Антонио Спарс за центарот Дејв Корзин, Булс создадоа силен напад со присуството на Теус во нивните редови.Во наредниот период доаѓаат уште двајца играчи кои исто така имале голем придонес во нападот Квентин Дејли и Енис Ватли.Покрај се, тимот се соочуваше со лоши резултати и реши да направи промена со продажбата на Реџи Теус на тимот Канзас Сити Најтс во текот на сезоната 1983-84 година.
1984-1998: Ерата на Мајкл Џордан
Летото 1984 година тимот на Булс ја измени својата иднина засекогаш со тоа што го доби третиот избор на играч на драфтот 1984 год г. по тимовите на Хјустон и Портланд кои ги добија првиот и вториот избор на играч.Тимот ,,Рокетс’’ го избраа Хаким Олаџувон, ,, Блејзерс’’ го избраа Сем Боуви, а пак тимот на Булс го избра Мајкл Џордан со позиција бек. Тимот со ново оформеното раководство на сопственикот Џери Рајнсдорф и генералниот менаџер Џери Краус одлучи да направи целосна реконструкција на тимот, со што Џордан беше во преден план. Џордан постави рекорди во франшизата уште во неговите дебитантски години, трет играч во лигата по погодени поени и четврт во украдени топки.Тој уште во првата година се избори и ги одведе Булс на Плејофот таа сезона, но за жал изгубија во првото коло од тимот на ,,Милвоки Бакс’’.Тој за неговиот труд таа година беше почестен со две награди, место помеѓу вториот тим на најдобрите играчи во НБА (All-NBA Team-second team) и наградата за најдобар најмлад играч во лигата.
Во наредната сезона тимот го купи играчот Џон Паксон кој играше на позицијата организатор на игра, и на денот на драфтот Булс направи договор со тимот Кливленд за крилниот центар Чарлс Окли. Овие играчи заедно со Џордан и центарот Дејв Корзин придонесоа многу за нападот на тимот во наредните две години. По повредата на стапалото на почетокот на сезоната 1985/86 година Џордан заврши втор по погодоци во тимот по соиграчот Вулриџ. Џордан се врати во Плејофот, Булс го заземаа осмото место и се соочија со тимот на ,,Бостон Селтикс’’ предводени од Лери Брд. Во тоа време Булс беа петти во најлош рекорд за влез во Плејофот од сите тимови на лигата. Иако Булс изгубија, Џордан забележа плејоф рекорд со постигнување на 62 поени во еден натпревар од плејофот (Овој рекорд се уште не е соборен), поточно на вториот натпревар против Селтикс тоа коло.Играчот од Селтикс Лери Брд изјавил за тој натпревар дека Господ бил маскиран како Мајкл Џордан.
Во сезоната 1986/87 година, Џордан го продолжи својот напад на книгите со рекорди во НБА, со просек од 37.1 поен по натпревар и првиот играч од тимот Булс кој бил избран помеѓу најдобрите играчи во лигата (All-NBA First Team).Булс ја завршија таа сезона со резултат од 40 добиени и 42 изгубени натпревари кој беше добар за квалификување во Плејофот. И покрај тоа тие беа поразени повторно од Селтикс во плејофот. На драфтот 1987 година Краус го одбра центарот Олден Полинис осми по оценки и крилниот центар Хорас Грант десети по оценки.Додека сè уште траеше изборот на играчи, Полинис кој не беше заиграл за Булс беше продаден во тимот од Сиетл.Со ова тимот на Булс го доби правото на избор на Скоти Пипен со позиција крило.
Со Паксон и Џордан во одбрамбената зона, Бред Селерс и Окли во напаѓачките редови, Корзин како силен центар и младите играчи Пипен и Грант влегуваа во игра како измени , Булс таа сезона направи голема фама со 50 добиени натпревари и влез во полуфиналето од Плејофот во источната конференција, каде за жал беа поразени од тогашниот шампион на истокот ,,Детроит Пистонс’’ во пет натпревари. Како и да е, за своите напори Џордан беше повторно награден со најголемата и најпрестижната награда во НБА, наградата за највреден играч. Истата награда тој ќе ја добие уште четири пати во неговата кариера. Оваа сезона исто така и го забелжува ривалството кое заполнало помеѓу Пистонс и Булс во 1988 година. Сезоната 1988/89 год г. исто така забележи големи промени како претходната во периодот пред почетокот на сезоната.Познатиот крилен центар Чарлс Окли, кој беше предводник во лигата по скокови во одбрана и напад сезоните 1987 и 1988 год, ноќта на драфтот 1988 година беше заменет во тимот на ,,Њујорк Никс’’ заедно со право на избор на играч на драфтот, кое Никс го употребија за Род Стрикленд. За возврат Булс го добија центарот Бил Картврајт и избор на играч од првото коло на драфтот, со кој го земаа центарот Вил Пердју во своите редови.Како дополнителна промена на тимот, Булс го купија и Крег Хоџес специјалистот за тројки од тимот на Феникс. Новата петорка која се состоеше од Паксон, Џордан, Пипен, Грант и Картврајт имаше време да се разигра.Без разлика на се тимот имаше помалце победи од претходната сезона, но сепак стигна до финалето на источната конференција од Плејофот беа повторно поразени во шест одиграни натпревари од шампионот Детроит Пистонс.
Во сезоната 1989/90 год г. , Џордан беше најдобар стрелец во низа од четири сезона. Истата сезона Скоти Пипен му се приклучи во екипата на најдобрите играчи.Таа сезона имаше и голема промена во редовите на раководтсвото, каде што главниот тренер Даг Колинс беше заменет со асистентот Фил Џексон.На драфтот таа сезона Булс ги одбраа дебитантите Стејси Кинг со позиција центар и Б. Џ. Армстронг со позиција организатор на игра. Со овие играчи и почетната петорката од минатата сезона, Булс повторно стигнаа до конференциското финале каде што беше играна и дури седми натпревар, но сепак Булси немаа среќа и изгубија и на ова финале.
Во сезоната 1990/91 год г. Булс влегоа силно со една цел.Тие повторно поставија рекорд од 61 победа, буквално се прошетаа низ плејофот и во конференциското финале го победија ривалот Детроит Пистонс.Во финалето Булс се сретнаа со Лос Анџелес Лејкерс, предводени од Меџик Џонсон.По пет одиграни натпревари Булс беа победници.
 
==1990-1993: Први три титули во низа==
Наредната сезона, односно 1991/92 год г. Булс ја освоија повторно титулата.Оваа сезона тие повторно поставија нов рекорд од 67 победи во регуларниот дел од сезоната. Во финалето таа година играа со тимот ,,Портланд Треил Блејзерс’’ предводени од Клајд Дрекслер во регуларни шест одиграни натпревари Булс беа доминантни и ја освоија титулата повторно.
Во наредната сезона 1992/93 година, Булс го направија она што ниеден тим по Селтикс во 60-те, трета титула по ред соочувајќи се со годинешниот највлијателен играч Чарлс Баркли од редовите на ,,Феникс Санс’’. Победата ја круниса Џон Паксон со што погоди тројка со само 3,9 секунди преостанати за игра во 6 натпревар, што заврши со резултат 99-98 и победа на Булс.