Разлика помеѓу преработките на „Фудбалски Лига куп на Англија“

с
→‎Историјат: Форматна исправка, replaced: 1 год. → 1 г.
с (→‎Прво коло: Јазична исправка, replaced: лоцирани → сместени using AWB)
с (→‎Историјат: Форматна исправка, replaced: 1 год. → 1 г.)
Во текот на доцните 1950-ти, мнозинството од високите англиски клубови ги опремија нивните терени со рефлектори. Ова отвори можност да се искористат вечерите во делниците во текот на зимата. Лига Купот беше воведен во сезоната 1960-61 како натпреварување под рефлектори во средината на неделата. Во раните години од натпреварувањето, многу од најдобрите тимови одбија да земат учество. Целото членство на Лигата зема учество кога на победниците им ветија автоматски влез во Уефа купот.
Во последните 10 години, по реорганизацијата на европскиот фудбал и воведувањето на реструктуиран формат на Лигата на шампиони на Уефа, Лига Купот беше загрозен да го загуби местото во Уефа Купот за неговите победници. И покрај сѐ, тој се одржа и заедно со Франција се единствените нации на кои им се нуди место во Уефа Купот на нивните победници во вторите по ранг куп натпреварувања. Затоа задржува доволно значење и популарност, особено кај фановите на клубовите на кои Лига Купот им нуди реална шанса за квалификување во Европа.
Астон Вила беа воведните победници во 1960-61. Ливерпул го освоија купот во повеќе наврати со седум победи вклучувајќи четири последователни трофеи во почетокот на 1980-те. Тие комплетираа две трикратни освојувања на трофејот, во 1984 и во 2001 год г. Моментални сопственици се Манчестер Јунајтед, кои во финалето во 2010 ги победија Астон Вила со 2-1.
Елиминирања на гигантите се паметат помалку во Лига Купот отколку во ФА Купот поради отсуството на нелигашки состави и фактот дека многу големи клубови играат со послаби состави кога се елиминирани. Сепак, имало неколку значајни потреси, како на пример кога составот Честер од четвртата дивизија го елиминираше со 3-0 шампионот на Лигата Лидс Јунајтед на патот до полуфиналето во 1974-75. Во 1995-96, Манчестер Јунајтед беа поразени со 3-0 на домашен терен од Јорк во второто коло во првиот натпревар, иако Јунајтед победија 3-1во вториот меч, сепак испаднаа со вкупни 4-3. Јунајтед исто така биле елиминирани од Саутенд Јунајтед и Ковентри Сити одделно во сезоните 2006-07 и 2007-08: во мечот против Саутенд тие избраа силен состав во кои беа Кристијано Роналдо и Вејн Руни, воведуваќи тренд кој тие го беа започнале. Во 2001-02, носителите на титулата, Ливерпул, беа поразени со 2-1 на домашен терен од Гримзби Таун. Гримзби забележа уште едно исфрлање на гигант во 2005 елиминирајќи го Тотенхем Хотспур.