Тиквеш: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Форматна исправка, replaced: 7 год. → 7 г. (2)
Ред 7:
== Географија и местоположба ==
[[Податотека:Канал за наводнување ХС „Тиквеш“ 03.jpg|right|thumb|275px|Хидро систем на ХЕЦ Тиквеш во селото [[Сирково]]]]
Тиквешијата се наоѓа западно од реката [[Вардар]] (од нејзината десна страна) и ги опфаќа следниве релјефни целини: [[Тиквешка Котлина|Тиквешката Котлина]], северниот дел од висорамнината [[Витачево]] и долината на [[Раечка Река]]. На исток Тиквеш се граничи со [[Ниска Македонија (Повардарие)|Повардарието]], на југ со [[Мариово]] (Тиквешко Мариово), на запад со [[Пелагонија]], а на север преку врвот [[Ножот]] на планината [[Клепа]] е одделена од малата Изворска област и [[Област Азот (Велешко)|Азот]] односно поширокиот Велешки регион.
 
Во своите географски описи македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]] ги наведува следните граници на Тиквешкото Поле: на запад тоа е заградено со голите огранки на Клепа, на југ со Дамјанската Планина, од исток со Пајак Планина, при што во неговиот северен крај протекува реката [[Вардар]], а по средината го пресекува [[Црна Река]] во своето долно течение<ref name="ReferenceA">Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.12</ref>. Според [[Ѓорче Петров]], релејфно-површински и орографски, Тиквеш претставува продолжение на [[Овче Поле]] преку [[Вардар]], бидејќи по видот, карактеристиките и изгледот многу наликува на него<ref>Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.12<name="ReferenceA"/ref>. Во својот напис целосно посветен за Тиквеш насловен како „Љубљано-Пеонија“, објавен во „Цариградски Весник“ на 12 февруари [[1855]] година, македонскиот просветител [[Јордан Хаџи-Константинов - Џинот]] запишал дека Тиквеш кој го именува со името „Љубљани“ се наоѓа 8 часа на југ од [[Велес]] помеѓу 39° и 40° и е земја плодоносна од сешто<ref name="ReferenceB">Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. ''Избрани страници'' - приредил Блаже Конески - Скопје, Мисла, 1987 год&nbsp;г. стр.69</ref>. За негови граници определува дека од север го опкружува река [[Црна Река|Црна]] која е побујна од [[Вардар]], а од југ планините Клисура, Давидовска и Гродненска; од запад планините Моклишка и Азот; од исток [[Струмица]] и [[Дојран]]<ref>Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. ''Избрани страници'' - приредил Блаже Конески - Скопје, Мисла, 1987 год. стр.69<name="ReferenceB"/ref>.
[[Податотека:Lake Tikves coast.JPG|thumb|275px|Брегот на Тиквешкото Езеро]]
Хидрографски Тиквеш е средно богат со реки и низ него течат [[Раечка Река]], [[Дошница]], [[Бошава]], а низ Тиквешијата тече и [[Црна Река]] на која е изградено познатото вештачко [[Тиквешко Езеро]] кое е едно од најголемите вештачки езера во [[Република Македонија]]. Во Тиквешијата се изградени и 2 хидроцентрали и 1 термоцентрала за добивање електрична енергија: „ХЕЦ Тиквеш“, „ХЕЦ Дошница“ и „ТЕЦ Неготино“.
 
== Легенда за Тиквеш ==
Се раскажува и денес: името Тиквеш и Тиквешија не им е непознато на сите кои ги интересира историјата. Зад тоа име се крие една голема област во централна Македонија пресечена од двете историски реки: [[Вардар]] и [[Црна Река|Црна]] – и со чисто македонско население и Помаци- насилно потурчени пред 350 години. Тоа население живее во двата града: Кавадарци и Неготино и во 96 села. Град со име Тиквеш нема. Тој постоел, пред доаѓањето на Турците, и според легендата, Тиквеш бил освоен по три месеци откако било покорено целото Западно царство. Тиквеш бил утврден со ѕидови и кули, чии остатоци постојат и денес. При навлегувањето на [[Турци|Турците]]те, Тиквешани се бореле дури до Јуручка планина, близу до градот [[Радовиш]]. Но откако биле разбиени од силната турска армија војската која останала се вратила во тврдината Тиквеш и оттаму ги одбивала сите турски напади. Со големи воени сили [[Турци|Турците]]те го опколиле градот Тиквеш и одвреме-навреме праќале преговарачи за да ги повикаат Тиквешани да се предадат. На тие предлози Тиквешани одговарале со презир и со оружје. За да ги залажат [[Турци|Турците]]те, тиквешани на големите струења на ветерот поставиле тапани, така што од ветерот тапаните биеле и на тој начин кај Турците се создавал впечаток дека Тиквешани и дење и ноќе се веселат и не планираат да се предадат. Во таква состојба Тиквеш се наоѓал повеќе од три месеци. Тапаните непрестано биеле, а за тоа време населението умирало од глад. На крај преживеаната баба Ружа им ја отворила една под помалите порти на градот и им го предала на Турците, убедувајќи ги дека во градот нема жива душа освен неа. Бесни и навредени од итроста на Тиквешани, [[Турци|Турците]]те навлегуваат во Тиквеш, грабаат се што е вредно, а градот го палат и тој гори до темел.
 
Населението од другите села, откако разбрале дека баба Ружа го предала градот за да се одмаздат и да се исмејат и го дале прекарот Бружа. Заклучокот од таа легенда која е пренесувана од поколение на  поколение, е дека  ако не беше предавството на баба Ружа – Бружа, градот Тиквеш ќе се зачуваше до денес и тапаните до ден-денешен ќе биеја...
 
На северниот крај на градот Тиквеш се нашало селото [[Брушани]], кое според легендата името го добило по баба Бружа, која била погребана на местото каде што е сега селото. Градот Тиквеш веќе не постои, но сега името Тиквешија го носи целиот тој крај.<ref>Вистински приказни за вечни сеќавања,Кавадарци 1900-1945“, Зорка Тодорова Младеновиќ, Кавадарци, 2010 г.</ref>
 
== Население ==
Ред 27:
== Економија ==
[[Податотека:Лозје 3.jpg|мини|десно|Лозје во Тиквешко]]
Главна гранка на економскиот живот на жителите на Тиквешијата и носител на стопанскиот развој во целиот регион е земјоделието односно [[лозарство|лозарството]]то, по кое Тиквешијата е најпозната во [[Македонија]] и на [[Балканот]]. Лозовите насади во Тиквешијата се распространети на околу 11.000 хектари (8.000 на подрачјето на [[Општина Кавадарци]] и 3.000 на подрачјето на [[Општина Неготино]]). Тиквешијата претставува најголемо виногорје во [[Македонија]] и на [[Балканот]]. Од сортите на грозје кое се одгледува најзастапени се „смедеревка“ и „кратошија вранец“, а на помали површини се одгледуваат и десертните и трпезните сорти грозје: „кардинал“, „хамбург“, „афус али“, „рибиер“ и др. Како резултат на големите лозови насади во Тиквешијата има голем број на винарски визби кои грозјето го преработуваат во вино и ракија кои се пласираат на странските пазари. Најголеми винарски визби се „[[Тиквеш (фирма)|Тиквеш]]“ Кавадарци (најголема во Македонија) и „[[Поварадарие (фирма)|Повардарие]]“ Неготино, а во поново време се повеќе се отвораат и приватни винарски визби како „[[Попови]]“, „[[Чекорови]]“, „[[Китвин]]“, „[[Бовин]]“ идр. Од земјоделието исто така многу застапена гранка е и овоштарството пред се одгледувањето на праски и кајсии кои највеќе се одгледуваат во околината на [[Росоман]]. Македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]] во своите записи, за Тиквеш наведува дека главни негови производи се виното, ракијата, афионот, оризот, оцетот, анасонот и сусамот<ref>Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.12 и 325</ref>.
 
Покрај земјоделието најголеми капацитети кои вработуваат многу луѓе се индустриските капацитети пред се од металургијата и металопреработувачката индустрија. Недалеку од Кавадарци се наоѓа комбинатот за феро-никел „ФЕНИ Мак“ во кој има и слободна економска зона „Долина на Никелот“. Комбинатот „ФЕНИ Мак“ се снабдува со никелова руда од рудникот „Ржаново“ кој заедно со [[Алшар]] се единствените рудници во Тиквешијата богати со најразлични видови руди. Други индустриски капацитети и фирми од металската индустрија се „Металекс“ Кавадарци, „ИГМ Трејд“, „МИК“ и други.
Ред 33:
== Етнологија ==
 
Од етнолошки аспект тиквешкиот крај најповеќе е познат по специфичниот дијалект кој се зборува. Во Тиквешијата се познати и носиите од долните и горните села (во висорамнината [[Витачево]], кон планината [[Кожуф]] и [[Мариово]]), како што етнографски се дели Тиквешијата. Од обичаите најпознати се [[Џоломари|Џоломарите]]те од селата [[Бегниште]] и [[Ресава]] кој паганскиот обичај на маскирање за избркување на злите духови го зачувале до денес и традиционално секоја година се одржува на Василица (како и Вевчанскиот карневал), а Џоломарите редовно се претставуваат и на карневалот во [[Струмица]]. Џоломарите се најчесто облечени во дебели ленени костими, со вештачки бели [[брада (коса)|бради]] и [[мустаќи]], црно измачкани лица и со закачени ѕвонци на телата и рано изутрина одат низ селата започнувајќи го над илјада година стариот ритуал.
 
== Културни знаменитости ==
Ред 41:
== Познати македонски личности од Тиквешијата ==
 
Како и секој македонски регион така и Тиквешијата дала огромен број видни македонски личности, како што се борци и национални дејци за слободата на [[Македонија]] и [[Македонци|Македонците]]те, уметници, политичари, професори итн.
 
* [[Даскал Камче]] - учител од [[Ваташа]] кој ја отворил првата печатница во [[Македонија]] во времето на просветителството
 
* [[Добри Даскалов]] - македонски војвода од Тиквешијата во Илинденскиот период
 
* [[Страшо Пинџур]] - македонски национален борец и деец, организатор на македонското национално-ослободително движење во втората светска војна, народен херој
 
* [[Димката Ангелов - Габерот]] - еден од најпознатите борци во втората светска војна
 
* [[Никола Бадев]] - легендарен македонски пејач на народни песни
 
* [[Петар (Пешо) Самарџиев]] - Тиквешки војвода (Подлес 1877- Клисура 21.6.1906)
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тиквеш