Сиднејска опера: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште (4) using AWB
с →‎top: Форматна исправка, replaced: 7 год. → 7 г.
Ред 16:
'''Сиднејската опера''' е мултифункционална сала за сценски уметности која се наоѓа во Сиднеј, Нов Јужен Велс, Австралија. Обмислена е и, во најголем дел, изградена од данскиот архитект Јорн Утзон. Отворена е во 1973 година после голем број на проблеми што започналеда се појавуваат уште кога проектот победил на конкурсот. Владата на Нов Јужен Велс, на чело со Џозеф Кеил, дала зелено светло за започнување со работа во 1958 година. Храбрата одлука на владата, да го одбере дизајнот на Утзон, честопати била засенета од скандалот кој следел.
 
Сиднејската опера е прогласена за дел од светското наследство на УНЕСКО на 27 Јуни 2007 год г. Таа е меѓу најпрепознатливите градби на ХХ век и е една од најпознатите сали за сценски уметности во светот.
 
Сиднеј Опера Хаус се наоѓа на Бенелонг Поинт, на сиднејското пристаниште во близина на Сиднејскиот пристанишен мост. Лежи на североисточната страна на Сиднејската деловна област. Од три страни е опколена од пристаништето (Сидни Коув), а од копно граничи со Кралските ботанички градини.