Прв триумвират: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 29 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q715380 (translate me)
с Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г., 2 год. → 2 г., 3 год. → 3 г. (2), 5 год. → 5 г., 9 год. → 9 г. (2)
Ред 1:
'''Првиот триумвират''' бил политичка алијанска помеѓу [[Гај Јулиј Цезар]], [[Марк Лициниј Крас]] и [[Гнеј Помпеј]].<ref>[http://www.unrv.com/fall-republic/first-triumvirate.php "First Triumvirate"].4 март, 2010.</ref> За разлика од [[вториот триумвират]], првиот немал официјален статус и неговата моќ во [[Римска Република|римската република]] била многу влијателана. Формиран е во 59 год&nbsp;г. п.н.е и траел се до смртта на Крас во 53 год&nbsp;г. п.н.е.
 
==Историја==
Крас и Помпеј бил колеги при [[конзул]]арство во 70 год&nbsp;г. п.н.е. Во тоа време двајцата уживале значителна антипатија помеѓу себе и секој посебно се обидувал да го оттргне другиот за да си ја зголеми својата репутација во Рим.
 
Цезар успеал да ги помири, а потоа ја искористил нивната моќ, како и својата, за да биде избран за конзул во 59 год&nbsp;г. п.н.е. Тој и Крас веќе биле пријатели, а за да го зацврсне триумвиратот, на Помпеј му ја дал својата ќерка [[Јулија (ќерка на Јулиј Цезар)|Јулија]]. Триумвиратот ги искомбинирал огромната популарност кај народот на Цезар и големото влијание на Крас во [[плутократија]]та, а исто така и со воената репутација на Помпеј.
 
Триумвиратот бил чувај во тајна се додека [[Римски сенат|сенатот]] забранил предлог законот на Цезар за основање на колонии на Римски граѓани и дистрибуција на делови од јавното земјиште. При говор, законот му бил претставен на народниот совет кој бил напраднат од страна на Крас и Помпеј, откривајќи ја нивната алијанса. И покрај противењата, законот на Цезар бил одобрен. Потоа триумвиратите се обиделе да постават нивни луѓе на функцијата народен трибун во што успеале оттргнуваќи ги нивните најголеми опоненти [[Марк Тилиј Цицерон]] и [[Като Помладиот]].
 
Триумвиратот продолжил да прави понатамошни промени во своја корист. Цезар станал проконзул и на двете [[Галија|Галии]], односно [[Трансалпска Галија]] и [[Кисалпска Галија]], а на нив бил додаден и [[Илирик]] со команда над четири легии, на пет години. Помпеј и Крас повторно делеле конзуларство во 55 год&nbsp;г. п.н.е. По завршувањето на мандатот на Цезар, Помпеј и Крас истиот му го продолжиле за додатни пет години, а тие биле назначени за проконзули на [[Хиспанија]] и [[Сирија (Римска провинција)|Сирија]] во пет годишен мандат.
 
Алијансата им дозволила на триумвиратите целосно да доминираат врз римската политика, но тоа не можело да трае многу долго токму поради амбициите, егото и љубомората на тројцата триумвирати. Помпеј, како и од порано, повторно почнал да му се спротиставува на Крас, а најмногу му завидувал на Цезар за неговите енормни успеси во Галија.
 
==Смртта на Крас и Помпеј==
Смртта на Јулија при пораѓањето и катастрофалната загуба и смрт на Крас во [[битката кај Каре]] во 53 год&nbsp;г. п.н.е имале огромно влијание врз распаѓањето на триумвиратот. Помпеј останал во Рим управувајќи ги своите Шпански провинции преку своите генерали. Во 52 год&nbsp;г. п.н.е Помпеј бил избран за конзул без колега и силно учествувал во политиката на Рим што довело до тоа Цезар да ја помине реката [[Рубикон]] и да ја започне [[Граѓанската војна на Цезар|граѓанската војна]]. Помпеј бил назначен за командант на војската во Рим од страна на сенатот и бил поразен од неговиот поранешен пријател, Цезар, во [[битката кај Фарсал]]. Иако Помпеј останал жил, тој бил убиен во [[Египет]] по наредба на египетскиот фараон оставајќи го Цезар сам владее во Рим.
 
==Надворешни врски==