Петар Самарџиев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Семејството Самарџиеви и неговата трагедија во с. [[Подлес]]: Правописна исправка, replaced: кој што → којшто using AWB
с Форматна исправка, replaced: 1 год. → 1 г., 3 год. → 3 г., 4 год. → 4 г. (4), 7 год. → 7 г. (2)
Ред 21:
Едно од повеќето семејства во с. [[Подлес]] во 19 век било семејството Самарџиеви. Најстариот член на фамилијата се викал Арсо. Тој имал четири сина: Ѓоро,Ристе,Пано и Нацо. Сите членови на оваа семејна лоза живееле заедно во една голема патријархална задруга. На нејзино чело стоел најстариот член во улога на старешина. Бегот му завидел на плодните изработени ниви, на големото стадо,на чистата и уредена куќа. Сето тоа го посакал да биде негово. На своите вооружени ќеаи, измеќари од муслиманско потекло им заповедал:
“Нема да го оставиме на раат чорбаџи Арсо,сите во селото станаа чифчии,атој е, се уште рајатин. Се што има да го разграбиме.”
Тогаш Пешо, идниот тиквешки војвода и неуморен борец, имал неполни осум години. Роден е 1877 год г. Во село [[Подлес]].
Мајка му ја викале Марија. Таа била родена во село Фариш. Се омажила во Подлес во Самарџиевите. Пешо и е единствено дете од првиот брак. Таа била средно-висока жена, тиха и добра. Се одликувала со скромност и добро срце. Во текот на својот долгогодишен живот многу страдала и многу нешто видела. Најпрво и го убиле домаќинот а потоа и син и Пешо којшто бил убиен од страна на врховистите.
Во почетокот Пешо растел со своите родители и повеќебројните братучеди. Првите години пред да замине на училиште, ги поминувал со детска игра. Им помагал на своите родители така што доставувал храна на животните и полнел вода од селската чешма или од полските кладенци. Напредувал физички и умствено. Кога имал слободно време, со своите врсници си играл по полјанките, ливадите и крај реката. Но тој безгрижен детски живот понесен од бујната мечта на душата, не ќе трае долго време. Уште во најраните години од неговиот живот ќе го почуствува турското ропство. Кога се уште не бил подготвен да се спротистави на злото, кога не можел да ги разликува сите појави, се случила најголемата трагедија во семејството Самарџиеви, која му ги затемнила чистите видици, му ги прекратила детските игри, му секнала громната смеа и го направил озбилен, смел и одаден борец против тиранијата. Многу рано го загубил својот родител.
Ред 42:
}}
 
По убиството на неговиот татко, Марија била принудена да се мажи во Неготино за Божин, на кого пред неколку години му умрела жената и му оставила две деца Цандо и Сута. Марија во новиот брак го донела осумгодишниот Пешо. По неколку години Марија и Божин добиле уште две дечиња Глигор и Роса. Седмочленото семејство иако имале деца од мешан брак, живееле во слога и мир. Малиот Пешо, по стравотните призори во селото можел да најде закрилник кај својот очув. Тој се грижел за неговото школување и издржување. Во тоа време во Неготино веќе имало формирано чаршија. Посебно за време на [[Кримската војна]] (1853-1856) градот брзо се развил. Со сплавови низ пловниот [[Вардар]] се пренесувало жито и други намирници за Турската војска. Градот спаѓа меѓу првите во Македонија во која била формирана месна организација на [[ТМРО]]. Првите членови се премени во лето 1894 год г. од страна на [[Даме Груев]].
Пред очите на Пешо се одвивале грубите насилства на беговите, насекаде можело да се види грабежи ,убиства, малтертирање, понижување на македонското население. Во Неготино Пешо завршил трокласно училиште. По завршеното трокласно училиште Пешо оди на печалба во [[Румунија]]. Но не останува долго, од таму се преместува во Самоков каде што се запишува во Железарско училиште.
 
Ред 55:
 
Престојот на Пешо во Самоков е од големо значење за формирање на револуционерниот лик, познанство со [[Добри Даскалов]], [[Петар Јуруков]] и други ученици, се зачлениле во Тајниот револуционерен кружок, чита усилено напредна социјалистичка литература,постанува и социјалист,ќе го вети својот живот со повеќе ученици дека ќе се бори и ќе умре за национално и социјално ослободување на Македонија.
При крајот на 19 век некаде 1897 год г. Пешо доаѓа во Самоков и се запишува во Железарско училиште. Средината во која се движеше, учеше имаше големо влијание врз неговото конечно огормување како напреден, прогресивен револуционер. Најповеќе во училиштето другарува со [[Добри Даскалов]] и [[Петар Јуруков]]. Меѓу овие тројца се развива едно пријателство, нив никој не можел да ги раздели. Остануваат верни до крај еден на друг, а во понатамошната борба ќе војуваат заедно. Сите тројца стануваат членови на Тајниот револуционерен кружоток основан од [[Гоце Делчев]]. Пешо Самарџиев во Самоков ја изградува својата личност. Сериозно учи, ги шири своите знења, го разбиструва хоризонтот на своите погледи, а воедно се повеќе ги сврзува мечтите со страмежите на народит.
Напати кога остануваше насамо често размислуваше за поробената Македонија, за родната куќа во Подлес која гегот ја запалил и сл.
Пешо Во 1901 год г. е при крај на своето школување. Наместо да оди на работа, со своите 78 другари се приклучуваат во четата на [[Јане Сандански]].
 
==Пешо — Борец во четата на [[Јане Сандански]]==
Ред 66:
==Пешо во четата на Петар Јуруков==
 
Во четата на [[Петар Јуруков]] Пристигнуваа се нови и нови бестрашни борци. Секако со доаѓањето на [[Петар (Пешо) Самарџиев]] и [[Добри Даскалов]] ,четата добила двајца искусни борци. За време на востанието во месноста Дреновица, Петар со својата чета води борба каде што има и многу загуби. Полни два месеца тиквешката четасе бори. Но вастанието нема масовен карактер. Како што е познато главниот штаб на востанието 1903 год г. даде заповед за прекинување на борбите.
 
==Учеството на Пешо на [[Прилепскиот конгрес]]==
 
По [[Илинденското востание]] турската власт револтирана поради учеството на населението во борбите и во Организацијата презеде инквизиторски мерки. Затворите се преполни, а во нив врз луѓето се вршат измачувања. Многу од нив умираа од жестокото тепање. Во Тиквешијата и по востанието останаа борците меѓу населението. [[Петар Јуруков]] е сè уште војвода , а Пешо е со него. Пешо го осуди ставот на врховистите и понатаму остана да црпи сили со сите оние што страдаат. Добро му беа познати зборовите на [[Ѓорче Петров]]: “Ако сега во најтешките дни го напуштиме народот,тој ќе ја изгуби вербата во себе и ќе го вратиме делото за 500 години назад...” По катастрофата на Илинденското востание во пролетта Даме Груев испрати порака до нелегалните дејци да се воспостави револуционална организација во растроени реони. Во Мај 1904 год г.
На врвот Мукос се одржала конференција која со право се нарече подготвителен конгрес. Беа присутни и делегати од [[Тиквешијата]] [[Добри Даскалов]], [[Петар (Пешо) Самарџиев]] и [[Петар Јуруков]]. Главна тема на конгресот е каква треба да биде иднината на македонскиот народ.
 
==Во 1904 год г. Пешо станува ''ТИКВЕШКИ ВОЈВОДА''==
 
{{Инфокутија Воено лице
Ред 82:
}}
 
Пешо имал 27 години кога во месец август 1904 год г. бил назначен за војвода. Пешо со својата чета е добро пречекан од месното население. Им се восхитувал на издржливоста и на одделеноста на поединци. Пешо бил комплетен војвода, ги имал сите способности,знаења и искуства, образован и начитан, и по своите убедувања социјалист. По раст е среден, но физички силен и буен, со голема физичка енергија,неуморлив,во постојано движење и акција. По карактер бил пргав и непокорен, строг и озбилен,правичен и чесен,одлучен и смел. Имал полно, тркалезно лице со широко шело и со остар поглед на очите што изразувале цврстина и машкост. Облечен како многу тогашни војводи:носел кабаница што го штитела од дожд и мраз,ковани опинци за постабилно движење
врз елекот вкрстил гајтан со кој се заврзувал нагантот за да не му се изгуби или да не му го одземат од рацете,од десното рамо преку градите затегнал рамен за кожната торба во која чувал документи и опашал ќемер во кој го чувал оружјето. Времето барало храбри луѓе, но истовремено ги создавало. Чостопати им зборувал на своите борци: “Ако треба да умираме,тогаш да умреме како херои. Не сме баби да се плашиме од смртта”.