Петар Митров: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
с →‎Животопис: Форматна исправка, replaced: 2 год. → 2 г.
Ред 20:
 
==Животопис==
Петар Митров е роден на 22 јуни 1942 год г. во [[Миравци]], Гевгелија. Во Скопје живее од своето рано детство. Во овој град го стекна основното, осумгодишно образование, љубовта кон градот, неговата архитектура, калдрмите, старата чаршија, градската плажа и прекрасниот градски парк. Тука ги почувствува уметноста, спортот, другарството, опојноста на корзото и градските кина, безгрижноста и слободата на младоста.
 
По завршувањето на [[Училиштето за Применета Уметност]] во Скопје своите студии ги продолжи на [[Академијата за Применета Уметност]] во Белград. За завршната работа добива специјална награда од Сојузната стопанска комора. Пет години по катастрофалниот земјотрес, Митров се враќа во новоизграденото Скопје и работи во фабриката Треска во одделите за дизајн и производство на туристички приколки и мебел. Набрзо превзема поголема одговорност во улога на технички директор кој своите креации и иновации ги претстави на домашните и странските меѓународни саеми, пазарите и патиштата во Европа.