Кочанска Котлина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г.
Ред 7:
| description = Извадок од говор на жена од Кочанско, на месниот [[штипско-кочански дијалект]]
}}
'''Кочанска Котлина''' — [[котлина]] и [[долина]] по течението на реката [[Брегалница]] во нејзиниот средиштен тек, помеѓу планините [[Плачковица]] (1.754 м) на југ, [[Голак]] (1.538 м) на исток, [[Осогово]] (2.085 м) на север и ридовите Горица, Аргулица и Селце (450 м) на запад<ref name="Трифуноски">Трифуноски, Ф. Јован. ''Кочанска котлина - сеоска насеља и становништво''. Скопје, 1970 год&nbsp;г. стр.7</ref>, во источниот дел на [[Република Македонија]], на географска ширина од 41° и 55' и географска должина од 22° и 25'.
 
==Географија и природни одлики==
 
Кочанската Котлина зафаќа површина од 1020 км² и се протега од двете страни на [[Брегалница]], од запад-југозапад кон исток-североисток, во должина од 26 км. Дното на Котлината, односно нејзиниот рамен дел зафаќа површина од 115 км². Најниска точка е во западниот дел, кај вливот на [[Злетовска Река]] во [[Брегалница]], каде има надморска височина од 290 метри. Одејќи кон исток рамнината постепено се издигнува, така што кај вливот на реката [[Осојница]] има височина од 330 метри. Разликата од најнискиот до највисокиот дел на полето изнесува 40 метри.
 
За одделни делови од Кочанската Котлина постојат посебни имиња. Така, средишниот дел е познат како Кочанско Поле (или само [[Кочанско]]), југоисточниот како Виничко, а западниот дел како [[Злетовица]]. Територијата пак околу поголемите села се именува како: Оризарско, Истибањско, Зрновско, Облешевско и сл.
Ред 26:
Со истекувањето на езерата на средно-вардарската потолина дошло до исушување и на Кочанското Езеро, бидејќи тоа преку истеци комуницирало со нив. Потоа започнала флувијалната фаза во развојот на релјефот и формирањето на флувијалните релјефни форми. Засекувањето на коритото на [[Брегалница]] довело до формирање речни тераси кои се најзабележливи на влезот и излезот на реката од Кочанската Котлина.
 
Структурата на котлината со своите маркантни [[расед]]и ја прави сеизмички доста активна, со потенцијалност од 8-9° според [[Меркалиевата сеизмичка скала]]. <ref>Кочани и Кочанско од праисторијата до денес, монографија, Општина Кочани, декември 2003 г.</ref>
 
== Клима ==