Камен мост (Скопје): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: патепис → патопис using AWB
с Форматна исправка, replaced: 1 год. → 1 г., 2 год. → 2 г., 3 год. → 3 г., 4 год. → 4 г., 5 год. → 5 г. (3), 7 год. → 7 г., 8 год. → 8 г. (2), 9 год. →
Ред 29:
[[Податотека:KameniMost1.jpg|thumb|250px|Камениот мост на поштенска разгледница од крај на XIX и почеток на XX век]]
 
'''Камениот мост во Скопје''' претставува една од најзначајните знаменитости на градот. Сместен е во центарот на градот и ги поврзува [[Плоштад Македонија|плоштадот Македонија]] и [[Стара скопска чаршија|Старата скопска чаршија]].<ref>[http://www.exploringmacedonia.com/default.asp?ItemID=02A82B651E64A94EAB6F41236FC022FE Камен мост, Скопје, Македонија]</ref> Постојат две претпоставки околу датацијата на мостот. Според првата која е потврдена со археолошките проучувања, тој бил изграден во [[VI век]], веднаш по катастрофалниот земјотрес од 518 год&nbsp;г., во текот на градежните активности кои биле преземени низ сета Империја од страна на императорот [[Јустинијан I]]. Според втората претпоставка, која е поддржана со историски извори, мостот бил изграден во времето на султанот [[Мехмед II Освојувачот]] (1444-1446; 1451-1481), во периодот меѓу 1451 и 1469 год&nbsp;г. Мостот денеска се смета за симбол на градот Скопје и е главен елемент на грбот на Скопје, кој пак грб е насликан на знамето на Скопје во жолто-златна боја.<ref>Официјален портал на град Скопје: [http://www.skopje.gov.mk/EN/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=34 Градски симболи].</ref>
 
== Првобитен изглед ==
Ред 38:
 
== Обновувања и санации ==
Низ вековите мостот претрпел повеќе оштетувања, што наложувало и конкретни зафати за неговото санирање и обнова. Познато е дека мостот настрадал од големиот земјотрес од 1555 год&nbsp;г. кога биле разурнати или тешко оштетени четири столбови. Турскиот патописец [[Евлија Челебија]], кој престојувал во градот во 1660-61 год&nbsp;г., го препишал од мермерна плоча натписот што бил поставен на мостот при неговото обновување. Во натписот е запишано:
{{cquote|Кога луѓето го видоа обновувањето на овој беспримерен мост, фалејќи го, рекоа: „Многу е поубав отколку што беше порано.“}}
 
Обновата била изведена 987 година по хиџра, односно 1579 год&nbsp;г. Обновениот мост опстојувал пред почестите налети на реката. Но сепак, во 1817-18 год&nbsp;г., за време на султанот [[Махмуд II]] (1808-1839 год&nbsp;г.), била извршена нова интервенција, за која според податоците биле платени 28.816 [[грош]]а и 2 аспри. Интервенции за одржување на мостот се правени и подоцна. Така пред 1885 год&nbsp;г. биле презедени градежни работи за обновување на арките и сводовите од североисточната страна, при што се употребени тули за сводовите и камени плочи за долните партии на столбовите. Низ сиот период, сѐ до 1909 год&nbsp;г., мостот имал огради од камени плочи.
Во 1895 год&nbsp;г., којзнае по кој пат, мостот се нашол под ударот на силно надојдените води на реката [[Вардар]], па во 1896 и 1897 год&nbsp;г. биле изградени заштитни ѕидови на кејот, како една од мерките за регулирање на речниот тек во овој дел.
 
Од една денес изгубена камена плоча, која се до 1963 год&nbsp;г. се наоѓаше на мостот, а чијшто врежан текст е препишан и така остана сочуван, дознаваме дека по наредба на султанот [[Мехмед V Решат]], во 1909 год&nbsp;г., било изведено проширување на мостот со помошта на метални конзоли, кои носеле [[тротоар]] од двете страни на мостот.
 
Во 1944 год&nbsp;г. Камениот мост бил миниран од страна на фашистичката војска, но, со ослободување на градот било спречено активирањето на поставениот динамит и мостот бил спасен од уривање.
 
Со цел да се врати првобитниот изглед на камениот мост, почнувајќи од 1992 год&nbsp;г. се започнати нови интервенции. Така, тротоарите врз железните конзоли се симнати, со што е добиена првобитната ширина на мостот. Реставрацијата на камениот мост сѐ уште е во тек.
==Галерија==
<gallery>