Зеленград: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Стопанство: Правописна исправка, replaced: 6 ха → 6 ха
с Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г., 1 год. → 1 г.
Ред 27:
Така, на пример, и во турските пописни дефтери од 1573 година Зелениград не се појавува како населба. Ако имало некаков живот на ова село, турските попишувачи не би го испуштиле од предвид. Селото Луково од другата, десна страна на Злетовска река во овој попис е зафатено и окваликувано како “ненаселено“.
 
Ако се знае дека во тој период потесниот и поширокиот атар на Зелениград е покриен со густа шума, ( и 300 год г. подоцна и Ѓорче Петров за ова село ќе забележи дека има 16 куќи кои се обични колиби) не е тешко да се претпостави дека населението кое, главно, се занимава со сточарство, од повеке причини, даноци, грабежи, насилија многу лесно го менуваат местото на живеење и подоцна се враќат на истото место. Меѓу другото, таа принудна изолација, во тие несигурни периоди им овозможува, на некој начин, и добри услови за егзистенција.
 
== Стопанство ==
Зелниград е изразито планинска населба која лежи на планински огранок со надморска висина од 1200 -1400 метри. Пасиштата и шумите заземаат 4/5 од неговиот атар. Од тие причини неговите жители, сега веќе не, зошто ги нема, се занимавале со сточарство и со експлоатација на шумите. Поради отсуството на погодни комуникации, постоеле а постојат и сега единствени коњски патеки, искористувањето на дрвената маса било ткн. ситно дрварство.
 
Од расположивите статистички извори гледаме, на пример, дека во 1931 година 37 домаќинства колку што имало селото располагале со сточен фонд од 687 кози, 393 овци, 85 говеда, 7 свињи, 17 коњи и мулиња. По 40 години поодоцна, 1971 г. кога селото има 138 жители и 33 домаќинства поради уништувањето на козите расте бројот на овци 621 грло, 68 говеда, 28 свињи и 19 коњи и мулиња. Инаку, поради природно-географски услови поледелството за кое и така нема услови за примена на механизација и агротехнички мерки постепено се деградира. Така, на пример од пописот на земјоделството 1959/1960 година гледаме дека со жита, граор и уров биле посеани 105 хектари, а во 1971 год г. овие култури се забележуваат на 12-13 хектари. Поради миграцијата на младото и работно способно население видно се намалува и производството на компири. Единствено гравот како поледелска култура и во двете пописни години го има на 6 ха. Поради климатските услови, Зелениград во целата некогошна Злетовска област има најмногу стебла сливи (џанки) и ореви.
 
== Демографија ==