Жељко Јоксимовиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана веб страница → Наведена мрежна страница (3) using AWB
с Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г. (3), 2 год. → 2 г. (2), 3 год. → 3 г., 4 год. → 4 г. (2), 5 год. → 5 г. (2), 6 год. → 6 г., 7 год. → 7 г., 8 го
Ред 31:
===1999-2004: Амајлија, Ринтам и 111===
 
Во 1999 год г. Јоксимовиќ потпиша договор со Сити Рекордс, музичка етикета во сопственост на приватна српска телевизиска станица РТВ Пинк. Младиот пејач тогаш беше промовиран како фолк и поп пејач. Неговиот прв албум со наслов „Амајлија“, покрај другите седум песни ја имаше и песната „Песма сирена“. Неговиот прв голем успех беше со синглот „7 година“, напишана од него и Леонтина Вукомановиќ. Песната се искачи на прво место на српските поп музички топ листи и стана многу позната во другите поранешни Југословенски земји.
Во 2000 год г., Јоксимовиќ го објави својот втор албум „Ринтам“ наречен по песна во албумот. Други песни на албумот се „Вретено“, „Балада“, „Гадура“ и дуетот со Харис Џиновиќ „Шта че мени више од тога“. Три спота беа изработени за песните од овој албум.
111 беше објавен во 2002 год г., достигнувајќи на прво место на топ листите во Србија и другите земји од регионот. Некои од песните се „Варнице“, „Заборављаш“ и „Караван“.
Во 2003 год г., Јоксимовиќ ја напиша песната „Чија си“ за македонскиот пејач Тоше Проески кој победи на Беовизија.
 
===2004: Евровизиски натпреват за песна 2004===
 
Србија и Црна Гора за првпат испратија учесник на Евровизискиот натпревар за песна во 2004 год г. Се одлучија за свој претставник преку фестивал и натпревар во Србија и Црна Гора Европесма 2004 год г. Јоксимовиќ победи на натпреварот со „Лане моје“, компонирана од него со текстописецот Леонтина Вукомановиќ.
Во полуфиналето, Јоксимовиќ се пласираше на првото место. Сепак, во финалето се пласираше на второто по украинската пејачка Руслана, но победи на „The Marcel Bezencon Press award“ (награда за најдобар композитор). „Лане моје“ неколку месеци е најдобро продаван сингл во Србија и Црна Гора и другите делови на Европа.
 
===2004-2007: По завршувањето на Евровизија, IV и Платинум колекција===
 
По успехот на натпреварот, истата година, Јоксимовиќ ја основа MINACORD PRODUCTION. Од тогаш, тој работи и компонира во своето студио. Во меѓувреме го снима и објавува синглот „Леџа о Леџа“ што се здоби со голема популарност во земјите каде Жељко обично држи концерти. Во 2005 год г. тој уште еднаш компонираше песна за Србија и Црна Гора за националниот предизбор за Евровизија наречена Беовизија. Жељко ја компонираше баладата „Јутро“ во изведба на Јелена Томашевиќ. Во октомври 2005 год г., тој компонираше и изведуваше дует со австрискиот пејач Tamee Harrison (Тамее Харисон). Песната беше насловена “I Live my Life for You” (Го живеам животот за тебе) која беше успешна низ Европа. Во ова време, Жељко го напиша својот прв филмски погодок. Во соработка со Cobra production тој компонираше песна за филмот „Ивкова слава“ и истата година го објави својот IV албум или „Има нешто у том што ме нечеш“. Во овој албум тој го промени музичкиот стил кој беше својствен за него. Песните на албумот се поп балади со некои етнички српски фолк елементи. 800.000 копии од албумот беа продадени низ цела поранешна Југославија. Во 2006 год г., тој ја компонираше песната за Евровизија „Лејла“ за Босна и Херцеговина, во изведба на Хари Мата Хари. Песната заврши на трето место како најдобра изведба на Босна на натпреварот. Тој исто така ја освои престижната награда на најдобар композитор (COMPOSEAWARD 2006), доделена на Жељко од сите композитори кои учествуваа на тој фестивал.
Во 2007 год г., тој ја објави втората компилација на најголеми хитови наречена Платинум Колекција што ги вклучуваше двата нови сингла „Девојка“ и „Није до мене“. Тој исто така ја компонираше музиката за ТВ серијата „Рањени орао“ и „Оно наше некад што бејаше“. Истата година, пред 18.000 луѓе, Јоксимовиќ имаше концерт каде што ги пееше сите негови хитови во Белградската Арена објавен во ДВД издание насловен како „Концерт Белградска Арена“.
 
===2008-2011: домаќин на Евровизија и Љубави===
Во почетокот на 2008 год г., Жељко Јоксимовиќ компонираше песна во изведба на Јелена Томашевиќ во националното финале на Србија за избор на песна за Евровизија, Беовизјиа 2008, наречена „Оро“. Песната е фолк балада со традиционални Српски фолк елементи. Бидејќи Србија победи на Евровизискиот натпревар за песна во 2007, натпреварот следната година беше во Србија. На 24 март 2008 год г. беше објавено од Евровизиските организатори 2008 год г. на РТС дека заедно со Јована Јанковиќ тој ќе биде домаќин на Евровизија 2008 во Белград, давајќи му две улоги на натпреварот. Песната на Томашевиќ го освои шестото место од 25 земји во финалето.
По едногодишна музичка пауза тој го објави својот петти албум со наслов „Љубави“ (2009) од продукцијата Минакорд и Сити Рекордс. „Љубави“ е името на истоимениот сингл од албумот. Синглот постигна голем успех во Србија и соседните држави. Во почетокот на 2010 год г. го објави својот втор сингл од албумот „Жена за сва времена“.
На 12 јуни 2010 год г., го изведува најголемиот концерт до сега, кој беше одржан во Asim Ferhatović Hase Stadium во Сараево, Босна и Херцеговина, пред околу 40.000 лица, иако посетеноста за концерти може да се прошири да достигне и 80.000 посетители.
 
===2012: Евровизиско враќање===
Јоксимовиќ ја претставуваше Србија на Евровизија 2012 год г. во Баку, Азербејџан. Песната „Љубав није ствар“ компонирана и изведена од Јоксимовиќ. Текстот е од Марина Туцаковиќ и Милош Рогановиќ. Англиската верзија на песната наречена „Synonym“ Љиља Јорговановиќ. Аранжманите на двете верзии беа на Жељко Јоксимовиќ и Алек Алеков. Постпродукцијата и усовршувањето го заврши Џејмс Круз, наградуван аудио-мастеринг инженер во неговото студио во Њујорк. Песната беше голем успех, и го освои третото место.
Жељко се ожени со Јована Јанковиќ во јануари 2012 година.