Версај (дворец): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Сала на огледалата: Правописна исправка, replaced: Првата Светска војна → Првата светска војна using AWB
с Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г., 3 год. → 3 г., 4 год. → 4 г.
Ред 20:
Трошокот за одржување на Версај заедно со издршката на кралскиот двор изнесувал околу 6% од буџетот на Франција.
 
Мекдугал Лител во неговата книга: ''World History: Patterns of Interactions'' (2001), го проценува трошокот за изградба на околу 2 милијарди американски долари во 1994 год г.
 
=== Корисност ===
Ред 52:
 
== Пост-кралски: музеј-споменик ==
[[Податотека:Ferme1.jpg|thumb|right|300px|Пасторалното ''„Hameau“'' на кралицата Марија-Антоанета во паркот. Изградено во 1783 год г.]]
[[Податотека:Marie Antoinette amusement at Versailles.JPG|thumb|right|300px|Пасторалното ''„Hameau“'' од друг агол]]
За време на Револуцијата како кралскиот накит, така и сликите и склуптурите, му биле доделени на новиот музеј [[Лувр]] како дел од културното богатство на Франција. Другите содржини биле поставени за да служат важна морална улога: книгите и медалите биле предадени на Националната библиотека, а часовниците и научните инструменти (Луј XVI бил голем вљубеник во науката) на Школата на Уметностите и Занаетите. Версај сѐ уште бил најдобро уредената кралска резиденција во Европа, но по догите аукции низ револуционерните месеци толку многу предмети биле продадени, што Версај се испразнил. Непосредната причина за тоа било финансирањето на народните армии, но долгосежната стратегија била да се издејствува така што повеќе нема да има Версај каде што било кој крал би можел се врати. Стратегијата работела. Иако Версај бил прогласен за империјална палата, Наполеон никогаш не провел ни една ноќ таму.
 
Иако во кралска сопственост, Версај останал неискористен и за време на повторното воспоставување на династијата [[Бурбони]]. Во 1830 год г. политичарот [[Луј-Филип]] се прогласил за „Граѓански Крал“]] и го прогласил дворецот за музеј на „''сета'' слава на Франција“, и со тоа за првпат го издигнал над функцијата на Бурбонски династиски споменик. Истовремено, [[буасерии]]те (декорирани дрвени ѕидни облоги) од приватните апартмани на благородниците и дворјаните биле остранети и без никаква ознака за нивното потекло биле продавани на новиот пазар за такви облоги во Париз и Лондон. Останале 120 одаи, денешните „''Galeries Historiques''“.[http://www.insecula.com/us/musee/M0037.html]
 
Во 1960-тите, [[Пјер Верле]], најголемиот изучувач и писател на тема [[француски мебел]] успеал да врати некои предмети од од музеите, министерствата и амбасадорските резиденции каде што тие се имале распрснато, првобитно од Mobilier National. Тој смислил план за реставрација и одново уредување на Версај и токму заради него денес го гледаме тоа што го гледаме.