Вавилонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Додадена категорија using AWB
с →‎top: Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г., 2 год. → 2 г.
Ред 9:
[[Податотека:Hanging Gardens of Babylon.jpg|мини|лево|Висечките градини во Вавилон]]
'''Вавилонија''' е семитска држава и културен регион во [[Месопотамија]], денешен [[Ирак]]. Градот [[Вавилон]] бил мал град во склоп на оваа држава, а за време на [[Хамураби]], во првата половина на 18 век п.н.е., станува голем главен град.During the reign of Hammurabi and afterwards, Babylonia was called Mât Akkadî "the country of Akkad" in [[Akkadian language|Akkadian]].<ref>http://www.aliraqi.org/forums/showthread.php?t=69813 Aliraqi - Babylonian Empire</ref><ref>http://www.livius.org/articles/place/babylonian-empire/ Babylonian Empire - Livius</ref>
Пропаѓањето на империјата на [[Ур]], околу 2004 година пред н.е., претставува крај на историјата на [[Сумер]]ите: во тој период во [[Месопотамија]] навлегуваат [[номад]]ските народи [[Аморити]] и [[Семити]] од исток, кои се населиле на оваа територија и создале свои династии во повеќе градови, меѓу кои и во [[Вавилон]], додека на север првпат создава држава еден друг Семитски народ, [[Асирци]]те. По краткотрајната превласт на Асирците, настапило владеењето на шестиот крал од династијата во Вавилон, [[Хамураби]] (1792-1750 год&nbsp;г. пред н.е.), кој ќе го објави познатиот [[Хамурабиев законик]], пронајден во една гробница што денес се чува во музејот [[Лувр]]: оттогаш Вавилон станал средиште на [[Месопотамија]], и покрај тоа што во него наизменично владееле [[Касити]]те, Асирците и Халдејците. Халдејците ја создале новата Вавилонска Империја, која ќе го достигне врвот на својата моќ и раскош за време на владеењето на [[Набукодоносор]] Втори (605-562 год&nbsp;г. п.н.е.), но подоцна ќе падне во рацете на Персиската Империја. Остатоците зачувани од Вавилон се токму од овој период, меѓу кои и прекрасната Порта на Иштар и една импозантна палата на чии тераси можеби се наоѓале познатите Висечки градини; во центарот на градот се наоѓало местото посветено на богот на Вавилон, Мардук, со зигуратот - Вавилонската кула од која, за жал, денес ништо не е зачувано.
===Зигурат===
[[Зигурат]]от бил храм што го сочинувале скалести тераси (три или седум) поврзани со рамнинки и скалила. Терасите биле направени од тули од непечена глина; ѕидовите биле направени од печени тули, а меѓу нив имало битумен. Традицијата на градење на вакви храмови ја зачувале сите народи кои потпаднале под власт на Месопотамија по Сумерите.