Брутализам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: лоцирана → сместена using AWB
с →‎Историја: Форматна исправка, replaced: 2 год. → 2 г.
Ред 13:
Терминот "брутализам" бил првично употребен од шведскиот архитект Ханс Асплунд при опишување на објектот Вила Гот сместена во [[Упсала]], проектирана од негови колеги Б.Едман и Л.Холм во 1949. Во оригинал е употребен терминот ''nybrutalism'' кој на шведцки јазик значи Нов Брутализам. Терминот натака е присвоен од британските архитекти Алисон и Петар Симтсон, а станува глобално прифатен после објавување на книгата на британскиот критичар/историчар Рајнер Банхам со наслов ''Новиот Брутализам: Етика или Естетика?'' (анг. ''The New Brutalism: Ethic or Aesthetic?'') во која е анализиран новопојавениот архитектонски пристап при проектирање, конкертно во Европа.
 
Најдобри примери за раниот брутализам можат да се видат во работата на шведскиот архитект [[Ле Корбизје]], конкретно "Unité d'Habitation" - објект за колективно домување изграден во 1952 год г. во Марсеј, Франција како и комплексот законодавни објекти изграден 1953 година во Чандигард, Индија. Брутализмот особено зема залет во средината на дваесетиот век во Велика Британија како резултат на поствоената економска депресија и потребата за изградба на нискобуџетни станбени единици, шопинг центри и владини згради. Меѓутоа, брутализмот останува примарен избор на стил и во случаи кога се располагало со големи буџети бидејќи архитектите ја ценале искреноста, скулптуралноста, а најмногу бескомпромисната анти-буржоазиска природа на стилот.
 
Со социјално прогресивната идеја зад брутализмот видлива кај Корбизјевиот станбен објект, на овој стил се гледа како на позитивна опција за унапредување на модерното урбано живеење.