Архелај I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 46.217.163.15) и ја поврати преработката 3666743 на Ehrlich91
с →‎top: Форматна исправка, replaced: 3 год. → 3 г.
Ред 2:
'''Архелај I''' — крал на [[Античка Македонија|Македонија]] ([[413 п.н.е.|413]] до [[399 п.н.е.|399]] п.н.е.). Стапил на престолот по смртта на неговиот татко, [[Пердика II]]. Мајка му на Архелај била [[робинка]], а Архелај успеал да дојде до власт со тоа што го убил неговиот чичко [[Алкет II]], братучед и неговиот полубрат кој бил законски наследник.<ref>[http://classics.mit.edu/Plato/gorgias.html Платон, „Горгија“.]</ref> Во текот на своето владеење се докажал како способен и полезен владетел кој од корен ја променил државната административна структура, војската и трговијата.
 
Кратко по неговото крунисување, Архелај бил соочен со ситуација која му дозволила тотално да ги промени односите на Македонија со [[Атина]], кои претставувале голема закана во последните 50-тина години. Атињаните биле тешко поразени во [[Сиракуза]] при крајот на 413 год&nbsp;г. и најголемиот дел од нивните бродови биле уништени. Поради ова на атињаните очајно им требало огромно количество на дрво за нови бродови и така Архелај бил во состојба да ја постави цената. Потем тој великодушно ги снабдувал со сето дрво кое им требало. Како признание за ова, атињаните го почестиле Архелај и неговите деца со титулата ,,Народен ''[[Проксенос]]'' и ''[[Евергет]]''.
 
Потоа Архелај се зафатил за спроведување на многу внатрешни реформи. Издал големо количество на монети од одличен квалитет, изградил тврдини, направил прави патишта (од важност за мобилноста на војската) и ја подобрил организацијата на војската, особено коњаницата и хоплитите.