Античка Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Долна Македонија: Додадена категорија, replaced: Халкидики → Халкидик
с Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г. (2), 1 год. → 1 г. (3), 8 год. → 8 г. (2)
Ред 270:
Врз основа на овој извор, како и други, некои научници истакнуваат дека Македонците и македонските племиња биле староседелци, кои зборувале на јзик неразбирлив за Хелените. Тукидид во своето дело за Пелопонеската војна кога пишува за настаните на Халкидик истакнува дека Грестонците, Едонците и Бисалтите ги нарекува барбари, односно народ со неразбирлив јазик <ref>Thuc, IV, 109</ref>.
 
Од подоцнежниот период посојат поеќе податоци кои укажуваат дека македонскиот јазик се разликувал од хеленскиот. Во текот на судењето на Филота (330 год&nbsp;г. п.н), кога бил запрашан на кој јазик ќе се обрати - на македонски или на хеленски - тој решил да говори на хеленски за да го разберат и оние кои не биле Македонци. Во 328 год&nbsp;г. п.н на гозбата во Мараканда дошло до кавга помеѓу Клејтос и [[Александар III Македонски]], според изворите македонскиот крал својата стража ја повикал на македонски јазик <ref>Плутарх, Александар 51</ref>. Плутарх истакнува дека војсководецот Евмен, кој имал хеленско потекло, од војниците бил поздравуван на македонски јазик. Кога Евмен требало да испрати пратеник кај Македонецот Неоптолем во 321 год&nbsp;г. п.н, задачата му ја доверил на некојси Ксенија, чиј мајчин јазик бил македонскиот. Куртиј Руф истакнува дека Македонците имале потреба од преведувач за да го разберат хеленскиот јазик <ref>Athen. III, 121; Куртиј Руф VI, 11, 4</ref>
 
Дополнително светло во проучувањето на античкиот македонски јазик фрлаат ономастичките податоци. Во постарите тези преовладувале видувања дека на Балканскиот Полуостров на север од Хелените живееле само Илири и Тракијци, оттука сите имиња кои не можеле да се вбројат во хеленската ономастика биле означувани како илирски или тракиски. Поновите истражувања, особено она на [[Фанула Папазоглу]], покажале дека еден дел од овие имиња кои порано биле класифицирани како тракиски или илирски, во зависност од тоа дали биле посведочени во западниот или источниот дел на Македонија, денес се дефинираат како бригиски. Овие имиња освен во Македонија се среќаваат уште само во Мала Азија, односно Фригија. Сличноста на македонските и бригиските имиња укажуваат дека Бригите, кои во изворите се посочени како македонско племе, биле една од компонетите во етногезата на Античките Македонци. Помеѓу макеодонските глоси и зборовите од старофригискиот јазик постои сродност. Бригите и Македонците имале обичај да даваат боженски имиња на смртници, а тоа не е посведочено и не е обичај помеѓу Хелените и Римјаните. Овој обичај најрано се сретнува во Мала Азија и Македонија.
Ред 301:
[[Податотека:Hercules Musei Capitolini MC1265.jpg|250px|мини|десно|Римска претстава на Херакле]]
* '''Ѕевс''' бил македонски врховен бог на Македонците. Во легендите тој се нарекува Дион или Диос. Некои македонски научници претпоставуваат дека македонскиот врховен бог се викал Дион или Диос <ref name="Pro" />. Кога македонскиот врховен бог се сретнува со името Ѕевс, неговото име е придружено со епитети кои укажуваат на неговиот македонски карактер <ref name="Pro" />. Eден од неговите епитети е ''Hetaireios''. Овој епитет, научниците го поврзуваат со хетајрите, типична македoнска институција. Исто така се сретнува и епитетот ''Hyperberetas'' кои го поврзуваат со последниот месец од македонскиот календар - хиперберетај и празникот Хиперберетаи, кога се чествувал македонскиот Ѕевс. Интересен е епитето ''Hyperairetes'' кои е откриен на еден натпис во селото [[Дебреште]]. Натписот се датира од римско време. Самиот епитет не е посведочен во хеленскиот јазик, ниту како епитет на хеленскиот Ѕевс, ниту како збор. Научницте претпоставуваат дека се работи за превод на македонски епитет, чие значење не е познато.
* '''Атена''' или македонската Атена има повеќе епитети. Во 171 год&nbsp;г. п.н во градот Кирос, македонскиот крал Персеј и жртвувал на Атена ''Alkidemos''. Во престолнината на Македонија - Пела била најдена една статуа на оваа божица, таа имала шлем украсен со рогови на бик, од што може да се заклучи дека во најстарите времиња, македонската атена била заштитник на стадата. Роговите на Атена ''Alkidemos' биле остаток од старата зоолатристичка фаза во македонската религија, за оваа фаза има голем број на примери во легендите. друг епитет на македонската Атена е ''Gygaia''. Хесихиј истакнал дека Гигаја била домородна Атена, а Херодот запишал дека Гигаја се викала и сестрата на кралот [[Александар I]], односно станува збор за теофорно име. Обичајот на давање на теофорни, односно боженски имиња на смртни луѓе е посведеочен и кај Бригите.
* '''Дионис''' бил едно од најпочитуваните божества кај Македонците. Еврипид, кои своите последни години од својот живот ги поминал на македонскиот двор, ја создал драмата ''Бакхи''. Во оваа драма е прикажан отпорот на Тебанците кон култот на Дионис. Според некои истражувачи Бакхос не е Дионис, туку бригиско-едонско божество на вегетацијата, кое од север навлегло во Хелада. Оргијастичкиот ритуал и оргијастичкиот карактер на Дионис не е белег на хеленските, туку на малоазиските божества. Според еден податок, облеката на Мајнадите се нарекувала ''Едонска наметака'', а тие се викале ''Едонки''. Во Илијадата се спомнува Ликург Дријантов, крал на Едонците. Овој крал се скарал со боговите и ги избркал доилките на бесниот дионис низ светата Ниса. Оваа епизода се толкува како пренесување на Дионисовиот култ во бојотска Ниса. Хесихиј истакнува дека кај Пајонците, Дионис се викал Диалос. Ова име е посведочено на еден натпис на основата на една статуа која е откриена во Кукуш, а се датира од II век од нашата ера. Култот на ова македонско божество бил особено почитувано од пајонската група на племиња. Хелените ова македонско божество го идентификувале како Дионис, а култот бил толку раширен во Македонија што и бакхантките се нарекувале ''Макети''. Ликовните претстстави на македонскиот Дионис не биле изработени според хеленските канони.
* '''Артемида''' била една од најпочитуваните божества во Македонија, како божица на ловот и природата. Таа била женски пандан на Дионис. Името на еден од месеците од македонскиот календар се нарекува ''артемисион''. Врз основа на локалните епитети кои се посведочени, научниците заклучиле дека станува збор за автохтоно македонско божество на кое со хеленското толкување му е дадено хеленско име. Типични епитети за Артемида во Македонија се: ''Blaganitis (Благанска), Gazoreitis (Гаѕорска), Agrotera, Kynagogos, Digaia''. На една теракотна биста од Дебреште оваа божица е претставена со коњски протом на рамото, кучешка глава под него, дијадема и растителни атрибути во косата. Научниците истакнуваат дека станува збор за ''Артемида Енодија''.
Ред 367:
Во Македонија немало ери, времето се броело според годините на владеење на кралот. По освојувањето на Македонија од страна на Рим, се користела т.н македонска провинциска ера, иста така се користела и т.н актиска ера, која го означува крајот на владеењето на последната македонска династија, Птолемаиди.
 
* ''Селеукидска ера'' почнува во 312/11 год&nbsp;г. п.н
* ''Македонска провинциска ера'' почнува во 148 год&nbsp;г. п.н
* ''Актиска ера'' почнува во 31/0 год&nbsp;г. п.н
 
== Култура ==