Ана Дурловски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с правописна исправка, replaced: пеачка → пејачка using AWB
с →‎top: Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г., 1 год. → 1 г., 5 год. → 5 г., 6 год. → 6 г., 9 год. → 9 г.
Ред 7:
Ана Дурловски е родена 1978 во Штип, Македонија. Од 1997 - 2001 студирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска.
 
Веќе неколку години, харизматичниот сопран Ана Дурловски го освојува светот. Со своите треперливи и возвишени линии и истенченото чувство за ритам, таа ги слика музичките стилови, сепак најповеќе користејќи го Моцарт како медицина за гласот. Сребреникавиот глас на Дурловски беше забележан уште на нејзиното деби во 2000 год г. кога ја толкуваше Лучија ди Ламермур. Оттогаш, фокусираниот транспарентно светол тон на овој сопран, станува одбележје на белканто репертоарот во продукциите на Македонската опера. На оваа сцена, таа ги толкува и Дона Ана во Дон Џовани, Кралицата на ноќта во Волшебната флејта, Адела во Лилјакот, Џилда во Риголето, Розина во Севилски бербер и др.
 
Физичката убавина, драматичниот оган и лирскиот интензитет кои ги поседува Дурловски ја носат и нa сцените во оперските куќи во светот. Во 2001 год г. таа започнува да ја украсува својата софистицирана вокална техника во Виена, во Камерното студио на КМС Оливера Милјаковиќ. Извонредната контрола на гласот во сите регистри, интонативно прецизниот тон, чувството за фраза, за напати придушената динамика, а на други места ослободена експресија му обезбедуваат на овој сопран соработка со оперските куќи од Виена, Берлин, Мајнц, Минхен, Загреб, Осиек, Сплит, Сараево, Софија, Букурешт, Белград, Тирана и други.
 
Резонантниот глас кој ги допира и небесните височини го препозна и фондацијата Музички Театар за Југоисточна Европа и од 2005 год г., Дурловски беше стипендист на оваа институција. Во 2006 Ана Дурловски е добитник на наградата "Маријана Радев" за најдобра женско оперско остварување во Хрватска, за улогата Кралицата на ноќта во Волшебната флејта. Оваа пејачка која носи енормен еротизам и пее не помалку од импресивно, во јуни 2006 год г. дебитира на сцената на реномираната Виенска Државна Опера со улогата на Кралица на Ноќта во Волшебната Флејта, каде што добива постојан ангажман од сезона 2008/09 год г.
 
Во моментов е член на Оперската куќа во Мајнц. Ана Дурловски е добитникот на највисоко признание во областа на културата, титулата национален уметник за 2015 година.<ref>http://emagazin.mk/vesti/vest/12552?title=ana-durlovski---nacionalen-umetnik-za-2015-godina</ref>