Ербас А380: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Тулуз → Тулуза (5)
с Правописна исправка, replaced: Тулузаа → Тулуза (4)
Ред 22:
===ЕрбасА380===
 
'''Ербас А380''' е двоспратен со широк труп, четворомоторен авион произведен од европската корпорација Ербас, филијала на ЕАДС. Најдолгиот патнички авион во светот, А380 го направи првиот лет на 27 април 2005 од [[ТулузааТулуза]], [[Франција]], а првиот комерцијален лет на 25 октомври 2007 од Сингапур до [[Сиднеј]] со [[Сингапур eрлајнс]]. Авионот беше познат како А3XX за време на развојната фаза, но прекарот „супер-џамбо'' уште од тогаш го поврзуваа со него.
Горниот кат на А380 се протега по целата должина на трупот на авионот, а неговата широчина е еднаква со широчината на авион со широк труп. Ова овозможува да има кабина со 50% повеќе подна површина од последниот најголем авион, Боинг 747-400 и обезбедува седишта за 525 луѓе со вообичаената конфигурација со три класи, или до 853 луѓе со конфигурација само со економска класа. Одложената верзија на товарен авион , A380-800F, е представен како еден од најголемите товарни авиони, со носивост надмината само од Антонов Ан-225. А380-800 може да прелета 15,200 км (8,200 nmi), што е доволно да лета на пример од Њујорк до Хонгконг и брзина на летање од околу 900 км/ч или 560 mph во висина на летање.
===Развој===
Ред 38:
===Испитувања===
 
Пет авиони А380 се произведени за испитувања и демонстративни цели. Првиот А380 со сериски број МСН001 и регистрација Ф-ВВОВ е претставен на церемонија во ТулузааТулуза на 18 јануари 2005. За првпат А380 полета на 27 април 2005 година во 08:29 УТЦ (координирано унирвезално време). Авионот опремен со мотори Трент 900 на Ролс Ројс, излета од меѓународниот аеродром во ТулузааТулуза со шест член екипаж на чело со главниот тест пилот [[Жак Роси]]. По успешното слетување, три часа и 54 минути подоцна, Роси рече дека летањето со А380 е како „возење на велосипед“.
На 1 декамври 2005година, А380 ја достигна максималната брзина од Мах 0.96 (1019 км/ч) наспроти нормалната брзина (за патнички авион) од макс. 0.85 (902 км/ч). На 10 јануари 2006 година, А380 го направи првиот прекуокеански лет до [[Меделјин]], Колумбија за да се испита работата на моторите на аеродроми со висока надморска височина. За испитување во ладни атмосферски услови А380 слета во Нунавут, Канада.
 
На 14 февруари 2006 година, беа направени испитувања за одобрување на јакоста на крилото, крилото за испитување не издржа на бараниот напон. Ербас направи промена, додавајќи 30 kg на крилото за да се постигне бараната јачина. На 26 март 2006, А380 доби одобрување за евакуација во Хамбург, Германија. Со 8 затворени од вкупно 16 излези, 853 патника и 20 екипаж го напуштија авионот за 78 секунди, коешто е помалку од бараните 90 секунди на стандардите за добивање на одобрување. Три дена подоцна, А380 доби од ЕАСА (Европска агенција за воздушно пловидна безбедност) и ФАА (Федерална управа за воздушна пловидба) одобрување за носење на 853 патника.
 
Првиот А380 со сериски број МСН009 и регистрација Ф-ВВОВ и со мотори ГП7200 на [[Енџин Aлијанс]] полета на 25 август 2006. На 4 септември 2006 е извршен првиот лет за испитување со патници. Авионот излета од ТулузааТулуза со 474 вработени од Ербас и е првиот авион од серијата на кој му се извршени испитувања за опременоста и удобност. Во ноември 2006 испитувањата на авионот се продолжени за проверка на перформансите на авионот за 150 часа под конкретни услови.
Ербас добива одобрување за летање за моделите А380-841 и А380-842 од ЕАСА И ФАА на 12 декември 2006. Моделот А380-861 добива одобрување за летање на 14 декември 2007 година.