Француска кујна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: 9-тиот век → 9 век, 0-тиот век → 0 век using AWB
с →‎Тулуза, Керси и Авејрон: Правописна исправка, replaced: Тулуз → Тулуза
Ред 154:
</Gallery>
 
=== ТулузТулуза, Керси и Авејрон ===
[[Герс]], департман во Франција, е во рамките на овој регион и нуди висококвалитетна [[живина]], додека пак црната Планина и регионот на Лакун се познати по шунката и сушени колбаси. Белата пченка се сади во голема мера во оваа област и служи како храна за патки и гуски кои се одгледуваат за правење на паштета од патка и производство на ''millas'', каша од пченкарно брашно. Гравот исто така се одгледува во оваа област, без којшто неможе да се подготви специјалитетот касуле. Најдобрите колбаси во Франција, кои не се многу познати, се колбасите на Тулус, по коишто исто така е познат овој регион, а најчесто се пронаоѓаат по името касуле од Тулус. Околината на Каор е позната по производство на црно вино, како и високо квалитетни тартуфи и печурки. Овој регион е познат и по производство на млеко за исхрана на јагниња. Непастелизираното овчјо млеко во Авејрон се користи за правење на рокфор, а додека пак во Лагиол се право сирење од кравјо непастерилизирано млеко. Добитокот во Салер дава квалитетно кравјо млеко, како и говетско и телешко месо. Оваа област располага и со минерални извори како и со познатото сирење Кабеку кое потекнува од Рокмадур, позната средновековна населба која е подигната на карпа, во богатото село на Керси. Овој регион е од најстарите производители на млеко, има варовита почва, одбележана со историја и човечка активност и е погодна за чување на кози.