Карло Мартел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: Тулуз → Тулуза
с →‎Надворешни војни од 718-732: Правописна исправка, replaced: Тулуз → Тулуза (3)
Ред 48:
Следните шест години биле посветени на тоа да се наметне франкиско влијание врз германските племиња. Меѓу 720 и 723, Карло се борел во Баварија каде војводите постепено станале независни владетели. Тој ги натерал [[Алемани]]те да му се придружат, а војводата [[Хугберт Баварски|Хугберт]] се предал на франкиската власт. Во 725 и 728, тој повторно навлегол во Баварија а во 730, извршил воен поход врз [[Лантфрид]], војвода од Алеманија, кој исто така станал независен, и го убил во тек на битката. Тој ги натерал Алеманите да се предададт на неговата власт и не назначил наследник на лантфрид. Со тоа јужна Германија уште еднаш станала дел од франкиското кралство исто како и северна Германија во тек на првите години на неговото владеење.
 
Во 721, [[емирот од Кордоба]] направил силна војска од [[Мароко]], [[Јемен]], и [[Сирија]] со цел да ја освои [[Аквитанија]], пространо војводство во југозападна Галија, имено под франкиска власт но во пракса скоро независно кое било во рацете на [[Одо Аквитански]], откако меровиншките кралеви ја изгубиле моќта. Муслиманите го опседнале ТулузТулуза, тогаш најзначаен град во Аквитанија, а Одо веднаш заминал да бара помош. Се вратил три месеци подоцна токму кога градот сакал да се предаде и ги поразил муслиманските окупатори на 9 јуни 721 во таканарешената [[Битка кај ТулузаТулузаа (721)|Битка кај ТулузТулуза]].
 
Поради ситуацијата во Иберија, Мартел помислил дека ќе му треба постојана војска која ќе биде целосно на располагање. (Во текот на [[ран среден век|раниот среден век]], војските биле на располагање дури после посевите и пред жетвите.) За да има соодветна пешадија која ќе се спротивстави на тешката муслиманска коњаница му требало пари да ги плати војниците кои доколку не би се бореле би работеле земјодели и би ги хранеле своите семејства. За да добие пари тој одземал дел од тоа што претходно го давал како донација на Црквата во текот на 724 до 732. Свештенството се налутило и за малку ќе го екскомуницирале доколку не се случела големата инвазија на муслиманите и победата врз истите од страна на Карло Мартел.