Беласица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Економија → Стопанство using AWB
с →‎top: Правописна исправка, replaced: ² → <sup>2</sup>
Ред 49:
}}
 
'''Беласица''' — [[планина]] во југоисточниот дел на географскиот регион Македонија и е поделена меѓу државите [[Македонија]] (35%), [[Грција]] (45%) и [[Бугарија]] (20%). Во [[Македонија]], оваа [[планина]] почива во близина на [[Струмица]]. Има напореднички правец на протегање [[исток]] - [[запад]] и должина од над 70 км²<sup>2</sup>. Спаѓа во групата најстари планини не само во [[Република Македонија]], туку и на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]]. Настанала за време на создавањето на [[Родопските Планини]]. Подоцна е разорена а повторно е издигната за време на најмладото алпско набирање. Според морфолошката структура, планината е изразит [[хорст]] со мошне стрмни падини кои се спуштаат на северната и јужната страна.<ref>А. Стојмилов, ''Физичка географија на Република Македонија'', [[ПМФ]], Скопје, 2003.</ref>
 
Од соседните планини Беласица е одделена со долините на [[река]]та [[Вардар]] на запад, [[Струма]] на исток, [[Струмичка Котлина|Струмичката Котлина]] на [[север]] и [[Дојранска Котлина|Дојранската]] и [[Серска Котлина|Серската Котлина]] на [[југ]]. Според висичината, таа спаѓа во групата високи планини. Наjвисок врв е [[Радомир (врв)|Радомир]] (Калабак) - 2.029 [[Метар|метри]], наречен по царот [[Гаврил Радомир]], син на царот [[Самуил]]. На врвот [[Тумба (врв)|Тумба]] се наоѓа тромеѓата меѓу Македонија, [[Бугарија]] и [[Грција]]. Тука е поставен граничен [[камен]] во вид на [[пирамида]], што ја означува тромеѓата помеѓу овие три држави. Беласица е богата со [[Шума|шуми]] и на неа се среќаваат [[даб]]от, [[бука]]та, [[бор]]от, [[ела]]та, [[јасен]]от и др.<ref>''Д. Манаковиќ, Т. Андоновски, Релјефни карактеристики на Источна Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979''</ref>