Зовиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка на параметри, replaced: | веб = → | мрежно место =, | популација = → | население using AWB
с Правописна исправка, replaced: од секогаш → отсекогаш (2)
Ред 63:
Според пописот од 2002, селото брои 31 жител, сите [[Македонци]].<ref name="попис" />
 
Селото Зовиќ од секогашотсекогаш било населено исклучиво со Македонци, а од шеесетите години на ХХ век бележи постојан пад на бројот на населението при што се наоѓа во состојба на раселување. Во 1953 година селото броело 356 жители, а во 1961 година пораснало на 388 жители со што било средно по големина.<ref name="енциклопедија" /> Веќе во 1994 година бројот на жители се намалил дури на 54 жители,<ref name="енциклопедија" /> а во 2002 на 31 жител.
 
Моментално во селото постојано живеат 7 домаќинства со дваесетина жители. Голем број на поранешни иселени жители и нивни потомци сѐ уште поседуваат и ги посетуваат своите куќи, од кои дел се обновени, а дел ги обработуваат и своите имоти. За време на летниот период, селските празници и одржувањето на Зовичката средба во селото има и до стотина луѓе.
Ред 70:
=== Родови ===
 
Во селото Зовиќ од секогашотсекогаш па сѐ до денес живееле исклучиво [[Македонци]] од [[Православие|православна христијанска]] вероисповед. Скоро сите родови во селото се старинечки односно староседелски преселени од старото село Лениште или Зович. Можно е некои од селските родовите да потекнуваат и од блиското одамна раселено село [[Чебрен]]. Преостанатите жители кои денес живеат во Зовиќ припаѓаат на следните македонски родови: ''Скаклевци'' кои се староседелци дојдени од старото село Лениште или Зович I како деленици од 3 браќа дамнешни прадедовци.<ref name="кажување" /> Староседелци и најверојатно нивни деленици се и родот ''Секилковци'' чиј предок дедо Богдан е насликан како еден од ктиторите на селската црква. Исто така старинци се и родот ''Ангелевци'' чиј предок дедо Анѓеле е исто така насликан во селската црква како ктитор. Староседелски родови во Бзовиќ се ''Мијаковци'' кои немаат мијачко потекло туку родовскиот прекар го добиле по тоа што „''нивните дедовци сточареле и оделе со Мијаците''“<ref name="Мариовци">{{наведена книга|last=Радовановиќ|first=Воислав|title=Мариовци у песми, причи и шали|year=1932|publisher=Скопско научно друштво|location=Скопје|page=2}}</ref>, ''Дамевци'', ''Мојановски'' . Останати македонски родови во Зович се ''Недановски'', ''Каровци'',<ref name="кажување" /> ''Кулевски'' кои можно е да припаѓаат или да се во подалечна роднинска врска со познатиот мариовски македонски род Кулевци од блиското мариовско село [[Крушевица (Прилепско)|Крушевица]] преку [[Црна Река]] од кои потекнува познатиот војвода [[Толе Паша]], ''Стојковски'', ''Митревски'', ''Костевски''. Поради непосредната близина брачни врски најчесто се склопувале со девојки од селата [[Чаниште]] („една мома зеле, десет моми дале“), [[Манастир (село)|Манастир]], [[Старавина]], [[Градешница]], но и од подалечните места како [[Живојно]] („две моми зеле, две моми дале0“).
<!--== Општествени установи ==-->
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Зовиќ