Microsoft: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с →Виндоус Дивизија, опслужувачи и Алатки, Дивизија за Онлајн Услуги: Јазична исправка, replaced: веб-сајтот → мрежното место using AWB |
с →Од 1995 до 2005: Интернет и ерата на 32 бита: Јазична исправка, replaced: веб прелистувач → прелистувач |
||
Ред 41:
===Од 1995 до 2005: Интернет и ерата на 32 бита===
Откако Бил Гејтс го објави интерниот “Прирачник за големите бранови на интернет” на 26ти Мај, 1995, Мајкрософт почна да ја редефинира својата понуда на производи и ја прошири производствената линија навлегувајќи во компјутерските мрежи (анг. Computer networks) и во светската мрежа (анг. World Wide Web). Компанијата го пушти во употреба Виндоус 95 (анг. Windows 95) на 24ти август, 1995, кој вклучуваше мултитаскинг, целосно нов кориснички интерфејс со ново копче за стартување, и компатибилност со 32 бита; слично како и кај Виндоус НТ (анг. Windows NT), постоеше Вин32 АПИ (анг. Win32 API). Онлајн сервисот МСН (анг. MSN) дојде во пакет со Виндоус 95, како и
На 13ти Јануари, 2000, Бил Гејтс ја предаде позицијата извршен директор на Стив Балмер (анг. Steve Balmer), стар познаник од факултет и вработен во компанијата од 1980, создавајќи нова позиција за себе, Главен Софтверски Архитект (анг. Chief Software Architect). Во Октомври 1999, различни компании помеѓу кои и Мајкрософт ја формираа Алијансата на Доверливи Компјутерски Платформи (анг. Trusted Computing Platform Alliance), со цел да се зголеми безбедноста и да се заштити личната сопственост со тоа што ќе се забележуваат промените извршени на хардверот и софтверот, помеѓу другите работи. Критичарите ја осудија оваа алијанса бидејќи сметаа дека на овој начин само ќе се зголемат индискриминирачките забрани на тоа како корисниците го употребуваат софтверот, и сметаа дека сето ова е всушност едно Менаџирање на дигиталните права (анг. Digital rights management); на пример сценариото кога еден компјутер не е само заштитен за неговиот корисник, туку е исто така и заштитен од злоупотреба од неговиот корисник исто така. На 3ти Април, 2000, се донесе пресуда за случајот САД против Мајкрософт, нарекувајќи ја компанијата “злоупотребувачки монопол”; се постигна договор со Американското Министерство за Правда (анг. U.S. Department of Justice) во 2004. На 25 Октомври, 2001, Мајкрософт го пушти во употреба Виндоус XP (анг. Windows XP), соединувајќи ги општо-прифатените кодови и кодовите на Виндоус НТ земајќи ја основата на Виндоус НТ. Истата година, некое време подоцна, компанијата го пушти во употреба Иксбокс, влегувајќи во пазарот на играчки конзоли во кој доминираа Сони (анг. Sony) и Нинтендо (анг. Nintendo). Во Март 2004, Европската Унија презеде законски мерки за недоверба против компанијата, наведувајќи дека компанијата ја злоупотребила својата доминантност со Виндоус оперативните системи, која заврши со пресуда од 497 милиони евра (613 милиони долари) и пресуда да се произведат нови верзии на Виндоус XP без Виндоус Медиа Плејр (анг. Windows Media Player), Виндоус XP Хоум Едитион Н (анг. Windows XP Home Edition) и Виндоус XP Професионал Н (анг. Windows XP Professional N).
|