Разлика помеѓу преработките на „Гибони“

Одземени 4 бајти ,  пред 1 година
с
Додадена категорија, replaced: Мијанмар → Мјанмар
с (Робот: Преместване на 1 междуезикови препратки към Уикиданни, в d:q185939.)
с (Додадена категорија, replaced: Мијанмар → Мјанмар)
== Распространување ==
 
[[Ареал]]от во кој се среќаваат гибоните се протега од североисточна [[Индија]], [[МијанмарМјанмар]] и јужна [[Кина]] до [[Малаја|Малајскиот Полуостров]] и [[Индонезија|индонезиските]] острови [[Борнео]] и [[Јава]]. Порано гибоните биле распространети на значително поголема територија, на почетокот на вториот милениум тие се среќавале речиси во цела Кина. Главните сфери на живеење се тропските шуми, а понекогаш може да се најдат во планинските шуми на надморска височина од 1800 метри.
 
== Опис ==
== Однесување ==
 
Латинското име ''Hylobatidae'' означува жители на дрвјата и тоа го одразува местото на живеење на гибоните. Тие се жители на шумите и се активни главно дење. Благодарените на своите долги раце и палци (сместени многу пониско отколку кај другите примати), гибоните се одлично приспособени на живот на дрвја и брахијациско придвижување. Прекачувајќи се со помош на рацете од гранка на гранка, тие можат да надминат три метри со еден ,,чекор‘‘. На земја гибоните се движат на две нозе, кревајќи ги рацете за да одржат рамнотежа.
 
Гибоните живеат [[Моногамија|моногамно]]. Двојките со своето потомство живеат во свој сопствен ареал кој го заштитуваат од туѓинци. Понекогаш се среќаваат и животни кои живеат поединечно, и тоа најчесто млади единки кои од неодамна ги напуштиле родителите. Во потрага за сопствен партнер, потомството ги напушта родителите или пак тие го бркаат со сила. Пронаоѓањето на партнер може да трае неколку години. Кај некои видови родителите му помагаат на своето потомство со ,,резервирање‘‘ на слободен ареал.
== Исхрана ==
 
Основен дел во исхраната на гибоните заземаат листовите и плодовите. Во мали количини тие ги јадат и листовите од цветот, инсекти, а повремено и птичји јајца и мали `рбетници. Кај гибоните е слабо развиен џвакачкиот апарат, а [[желудник]]от е изграден релативно просто (за разлика од [[лангури]]те).
 
== Размножување ==
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Човеколики мајмуни]]
[[Категорија:Гибони| ]]