Чаир: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
CekoMK (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
(mala izmena)
Ред 1:
{{внимание}}
[[Слика:cair-zname.png|thumb|right|250px|Знамето на Општина Чаир]]
'''Чаир''' е високо урбанизирана населба во [[Скопје]] која се наоѓа на левата страна на реката [[Вардар]], на 2 km одалеченост од центарот на градот. Чаир е најстара населба и е темел на [[Скопје]].{{факт}} Имено, постојат докази дека просторот каде сега се простира населбата бил населен уште пред 7000-8000 години.{{факт}} Чаир се наоѓа на северот на Скопје, и припаѓа на [[општина Чаир]]. На север се граничи со населбата [[Бутел 2II]], на исток со ридот Гази Баба, на запад со населбата [[ТопаанскоТопанско Поле (Населба Васил Главинов)|Топанско Поле]], на југ со Центар.
 
Денешната Општина Чаир името го добила од Турците, а чаир на турски значи ливада. Кога Турците османлии го зазеле Скопје, голем дел од нив се населиле на левиот брег на реката Вардар. Овој дел од градот бил послабо населен, па затоа Турците тука ги подигнале своите домови. Територијата на денешната населба Чаир во тоа време била речиси ненаселена и била ливада. Па од таму Турците новото маало кое почнале да го населуваат го нарекле Чаир - ливада. Ова маало се протегало од Пајко и Карадак маало по течението на реката Серава се до тогашната периферија на градот, односно до денешна Гази Баба. Со текот на времето, во овој дел почнале да се населуваат и Македонци кои во Скопје се доселувале од разни делови на Македонија. Во Чаир населението претежно живеело во куќи. Преовладувале изолирани одделни куќи со дворови и големи порти кои ја криеле интимната домашна атмосфера, што е карактеристично за муслиманскиот начин на живеење. Османлиите подигнале и неколку згради од кои денес има само остатоци.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Чаир