Разлика помеѓу преработките на „Лилјана Тодорова“

с
Јазична исправка, replaced: македонска литература → македонска книжевност
с (Јазична исправка, replaced: македонска литература → македонска книжевност)
Тодорова е родена во 1934 година во [[Чачак]], [[Србија]] кога татко и бил управител на пошта инаку стручњак за телекомуникации. Мајка подоцна била вработена во меѓународната телефонија на главната пошта во Белград каде што живеле извесно време пред Втората светска војна. Образованието го започнала во Белград. Додека живеле во Белград, најстариот брат, тогаш момче на четиринаесетина години, станал член на СКОЈ. Поради опасноста тој да биде затворен од Германците, тие се вратиле во Штип, родното место на мајка и. Нејзиниот брат [[Михаил Гаврилов]] веднаш се приклучил кон партизанското движење и кога речиси цела Македонија била ослободена тој, за жал, загинал во борбите како ударник, бранејќи ја отстапницата на [[Четвртата македонска ударна бригада]]. Татко и, исто така, починал во Втората светска војна. Докторирала во [[1971]] година на тема Гзавие Мармие и Јужните Словени која е прогласена за лауреат на Академијата на науките и на уметностите на Безансон и Франш-Конте во Франција. За ова свое исклучително научно достигнување во 1972 година е избрана за дописен член на оваа француска академија. Објавила повеќе од 200 научни труда на француски, на македонски и на српски јазик посветени на француската и на франкофонската книжевност како и на француско-македонските книжевни релации. Ги иницирала студиите и проучувањата на франкофонските книжевности на Африка и на [[Канада]].
 
Лилјана Тодорова имала и значајна активност во општествениот и политичкиот живот на Македонија. Учествувала во основањето на Катедрата за општа и компаративна книжевност на [[Филолошкиот факултет во Скопје]] и на [[Институтот за македонска литературакнижевност]]. Била декан во два наврата на Филолошкиот факултет и тоа во периодот од [[1979]] до [[1981]] година, и потоа од [[1994]] до [[1996]] година и дала клучен придонес за неговото именување во Филолошки факултет „Блаже Конески“ во [[1996]] година. Во периодот од [[1979]] до [[1985]] била член на југословенската комисија за соработка со [[УНЕСКО]], а од [[1982]] до [[1985]] била македонски пратеник во Сојузното собрание на поранешната [[СФРЈ]].
 
Проф. д-р Лилјана Тодорова била првата жена амбасадор од Македонија која во периодот од [[1986]]-[[1990]] година ја извршувала должноста на вонреден и ополномоштен амбасадор на СФРЈ во Република [[Гвинеја]], Република [[Гвинеја-Бисао]] и Република [[Сиера Леоне]] во [[Западна Африка]].
{{наводи}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Тодорова, Лилјана}}
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Тодорова, Лилјана}}
[[Категорија:Луѓе од Скопје]]
[[Категорија:Македонски филолози]]