Татарска пустина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: однесле → однеле
Ред 7:
По две години од неговото пристигнување, Дрого сонува дека [[дух]]ови го носат на [[небо]] неговиот колега, офицерот Ангустина. Утредента, тој ја предводи стражата на новата тврдина и наеднаш забележува дека нешто се движи во далечината. Подоцна, се покажува дека тоа е некој избеган [[коњ]]. Кога стражата се враќа во тврдината, еден војник се искрадува со намера да го фати коњот, но кога доаѓа до тврдината, тој не ја знае лозинката за влез и ладнокрвно го убиваат. Набргу, стражарите забележуваат дека од пустината доаѓаат неколку колони непријателски војници и сите се возбудуваат, верувајќи дека ќе започне долгоочекуваната [[војна]] во која ќе можат да го покажат своето јунаштво. Меѓутоа, од градот пристигнува писмо дека [[војска]]та на северното [[кралство]] е дојдена да ја обележи границата, така што возбудата веднаш исчезнува. Командантот на тврдината испраќа група војници во планините на кои треба да се обележи границата и таму умира од студ офицерот Ангустина.
 
Четири години подоцна, [[пролет]]та, Дрого се враќа дома на двомечесно отсуство. Таму, согледува дека животот си тече по вообичаениот тек, дека никому не му недостига, а и тој се одвикнал од градскиот живот. Тој попусто ги посетува старите пријатели и оди на здодевни забави, а и средбата со Марија, сестрата на неговиот најдобар другар Вескови, го остава рамнодушен. Неговата мајка му закажува средба кај командантот на [[дивизија]]та, на која Дрого бара да добие прекоманда во градот. Таму, тој дознава дека е планирано да се преполови персоналот на тврдината и дека неговите колеги веќе знаеле за тоа и поднеслеподнеле молби за прекоманда. И навистина, кога се враќа во тврдината, дел од војската веќе си заминува, а Дрого со горчина открива дека цело време офицерите лажно ги подгревале приказните за непријателскиот напад од северната пустина.
 
Токму во моментот на заминувањето на дел од војската, еден офицер го известува Дрого дека забележал нешто во [[пустина]]та на [[север]]. И навистина, војската на туѓинците започнува да гради пат низ пустината. Кај Дрого повторно се буди надежта, но туѓинците ги завршуваат работите дури по 15 години. Сепак, дури и тогаш, туѓата војска ја нема на видикот и во тврдината си продолжува вообичаениот живот. Дрого веќе има 54 години, добива чин мајор и станува помошник на новиот командант на тврдината. Неговото здравје се влошува и тој останува закован за постелата. Наеднаш, еден ден, во близина на тврдината се забележува туѓинската [[војска]], а Дрого има само малку сила, доволна за да стане и да го погледне настанот којшто го очекува целиот свој живот. Во тврдината пристигнува засилување од градот, но Дрого е целосно немоќен и командантот на тврдината наредува да го пренесат во градот. Патем, неговата кочија пристигнува до една гостилница, каде што Дрого одлучува да преноќи. Ноќта, тој умира, без да дочека со свои [[очи]] да ја види [[војна]]та за која сонувал целиот свој живот.<ref name="ReferenceA">Дино Буцати, ''Татарска пустина''. Скопје: Ѓурѓа, 2007.</ref>
==За романот==
[[Роман]]от „Татарска пустина“ е објавен во [[1940]] година и со него Буцати стекнал меѓународна слава. Така, само по две години, романот бил објавен во [[Германија]], а набргу следело и француското издание, каде критиката (вклучувајќи ги и [[Албер Ками]] и [[Жан Пол Сартр]]) се изразила многу пофално за [[книга]]та. Оттога, романот доживеал стотина изданија на разни јазици.
Романот се одликува со бавен, монотон стил, при што Буцати ја опишува приказната за еден недостижен идеал, за мрачните сили кои управуваат со животот, за човекот како жртва на [[време]]то и [[смрт]]та како неговото крајно ослободување. Романот е напишан со ониричен стил, создаден од луцидни визии, од сенки, мистерии и [[мит]]ови, кои се универзални, вонвременски и секогаш актуелни.<ref>Радица Никодиновска, „Предговор“ во: Дино Буцати, ''Татарска пустина''. Скопје: Ѓурѓа, 2007, стр. 6-7.</ref>
 
Самиот Буцати, во едно [[интервју]], изјавил дека идејата за романот потекнала од „монотоната ноќна рутинска работа во редакцијата. Честопати имав впечаток дека таа монотонија е на добар пат неповратно да ми го истроши животот. Мислам дека кај најголемиот дел од луѓето се јавува тоа чувство, особено кога стануваат зависници од отчукувањето на часовникот... ми се чинеше дека ништо толку добро не може да го изрази бавното трошење на човечкиот живот во исчекувањето, како животот поминат во една тврдина на некоја далечна граница“.<ref>Дино Буцати, ''Татарска пустина''. Скопје: Ѓурѓа, 2007.<name="ReferenceA"/ref>
 
==Изданија на македонски јазик==
===Издание на „Ѓурѓа“ од 2007 година===
[[Книга]]та, издадена во склоп на [[библиотека]]та „Ризница“, има 256 страници, во мек повез, со обем од 20 страници. Преводот од [[италијански јазик]] го направил Радица Никодиновска (која е авторка и на предговорот), ликовното уредување го извршил Благоја Николоски-Кум, а јазичната редакција е дело на Студио „Ѓурѓа“. Книгата е каталогизирана во [[НУБ „Св. Климент Охридски“]], [[Скопје]], со меѓународна ознака ISBN 978-9989-920-92-9. Издавањето на книгата било финансиски поддржано од [[Министерство за култура на Македонија|Министерството за култура на Македонија]].<ref>Дино Буцати, ''Татарска пустина''. Скопје: Ѓурѓа, 2007.<name="ReferenceA"/ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија: Дела на Дино Буцати]]
[[Категорија: Италијански романи]]
[[Категорија: Изданија на Ѓурѓа]]
[[Категорија:Книги од 1940 година]]