Разлика помеѓу преработките на „Српско-бугарска војна“

с
Правописна исправка, replaced: кнежество → кнежевство (3), Кнежество → Кнежевство (3)
с (Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка using AWB)
с (Правописна исправка, replaced: кнежество → кнежевство (3), Кнежество → Кнежевство (3))
|place=[[Србија]], [[Бугарија]]
|result=Решавачка бугарска победа,<br>Признавање на [[Соединувањето на Бугарија]]
|combatant1=[[Податотека:Flag of Bulgaria (1878-1944).svg|20px]][[Бугарија|КнежествоКнежевство Бугарија]]
|combatant2=[[Податотека: Flag of Serbia.svg|20px]] [[Србија]]
|commander1=[[Александар I Батенберг|Кнез Александар I Батенберг]]
== Превратот во Пловдив ==
 
Со септемврискиот револт т.е. превратот во Пловдив на 6 септември 1885 г. и со манифестот на бугарскиот кнез [[Александар I Батенберг]] (8 септември 1885 г.), со кој се прогласил за кнез на Бугарија и Источна Румелија, била извршена и формално нивната унификација. Ова обединување на Источна Румелија со кнежествотокнежевството Бугарија било непријателски дочекано од страна на балканските држави, кои во тоа гледале опасност за балканската политичка рамнотежа, бидејќи со овој чин Бугарија станала скоро двојно поголема држава.
 
Соединувањето посебно ја вознемирило српската влада и кралот Милан, кој изјавил дека ова нарушување на политичка рамнотежа на Балканот, посебно е на штета на Србија и дека Србија со сите сили треба да застане во одбрана на таа рамнотежа. Исто така, грчката влада побарала во замена за проширувањето на Бугарија, како компензација да и’ биде отстапен дел од Македонија, над кој Грција претендирала. Во Грција била извршена мобилизација и грчката влада се заканувала дека ако западните сили и Русија го признаат обединувањето, Грција ќе навлезе со војска во Македонија на територијата на Труција, бидејќи немала заедничка граница со Бугарија за од неа да побара компензација. Романија од своја страна планирала да ја искористи оваа сложена ситуација за Бугарија, за да се присвои Јужна Добруџа. Меѓутоа, романските планови не наишле на одобрување од страна на Австро-Унгарија и Германија, а Русија пак од своја страна натрупувала војска на границата со Романија во случај на заострување на кризата. Поради сето тоа Романија изјавила дека ќе остане неутрална во однос на обединувањето на Румелија со кнежествотокнежевството.
 
Поради сложеноста на ситуацијата на Балканот, големите сили на 24 октомври 1885 г. свикале конференција во Цариград. Српскиот крал и претседателот на владата Гарашанин се надевале дека на оваа Конференција ќе го поништи бугарското обединување и ќе ја врати ситуацијата на status quo ante. Откако конференцијата не донела никакво решение и пропаднал дипломатскиот притисок над Бугарија, Србија решила да премине кон воената опција, а за вооружување и снабдување Србија добила паричен заем од Австро-Унгарија.
== Подготовка на бугарската армија ==
 
Од друга страна, бугарската војска не располагала нити со искусен, нити со доволен број на офицерски кадар. На местото на руските офицери, кои до 12 октомври 1885 г. биле повлечени од бугарската армија, биле поставени млади бугарски офицери. По извршената мобилизација, заедно со ополчениците и доброволците, армиите на КнежествотоКнежевството Бугарија и на Источна Румелија заедно броеле 108.000 луѓе. Бугарската војска била вооружена со пет видови пушки: Бердана № 2, Кринка, Мартини, Шаспо и Шнајдер, а муницијата воглавно била внесувана од Русија. Бугарската артилерија се состоела од 200 орудија , од кои 166 веднаш биле ставени во дејство. Бугарската армоја била организирана во три групи и тоа: Источен корпус (околу 53.000 луѓе), Западен корпус (околу 30.000 луѓе) под команда на мај. Гуџев и Северен одред под команда на кап. Узунов. Врховен заповедник на армијата бил лично кнезот Александар I Батенберг.
Бугарија немала план за војна против Србија, но од октомври 1885 г., кога мобилизацијата во Србија била во тек, бугарското Министерство за војна презело мерки за утврдување на пограничните области, а посебно добро биле утврдени градовите Видин и Трн, како и престолнината Софија. Во почетокот на војната на западниот фронт, кој се протегал спрема Србија и на југозападниот фронт спрема Турција, бугарската воена команда распоредила седум одреди, кои броеле околу 17.000 луѓе и 34 артилериски орудија. Спрема воениот план, операциите на српската војска започнале веднаш по објавувањето на војната т.е. на 2 ноември околу пладне. Главниот штаб на српската воена команда, со кралот Милан како заповедник, се сместил во гр. Пирот, во близина на границата.
 
Додека на јужниот, решавачки фронт, Бугарите напредувале и нанесувале порази на противникот, на северниот фронт бугарските војски давале сериозен отпор на српските напади. Откако го освоиле гр. Кула и го опсадиле гр. Видин од копно, Србите ги насочиле своите трупи кон гр. Белоградчик и с. Арчар-Вибдол на р. Дунав. На 11 и на 16 ноември околу 6.000 бугарски војници со 31 артилериско орудие и 5 митралеза, од Видинската тврдина, ги одбиле силните напади на околу 15.000 српски војници. На 17 ноември на предлог на српскиот командант ген. Лешјанин, бугарскиот заповедник на Северниот одред кап. Узунов се согласил на примирје. За време на примирјето, на двете страни пристигнале повеќе дипломатски мисии на големите сили со цел да се одредат условите на примирјето и на 9 декември примирјето било потпишано, според кое двете армии требало да се повлечат до крајот на месецот на старите граници.
 
Во декември 1885 г. во Софија започнале преговори со Турција за спогодба во однос на источно-румелиското прашање. Истовремено, на 23 декември бугарскиот кнез Александар I издал указ, според кој од 1 јануари 1886 г. судските закони на кнежествотокнежевството се воведувале во Источна Румелија, а воедно била воведена и единствена воена организација на војската. Сепак, кон крајот на декември помеѓу Бугарија и Турција бил постигнат договор, според кој, Источна Румелија требало да биде управувана од бугарскиот кнез и Бугарија да и' плаќа на Турција годишен трибут од 6 милиони франци. Потоа, помеѓу Бугарија и Турција, бил склучен и сојуз за заедничка одбрана во случај на напад на една од договорните страни од страна на Грција или Србија.
 
== Смирување ==
По потпишувањето на примирјето, во Букурешт на 23 јануари 1886 г. започнале преговорите со посредство на големите европски сили за потпишување на конечен мир помеѓу Србија и Бугарија. Бугарија била принудена паралелно со преговорите со Србија да води преговори за спогодба и со Турција за прашањето на Источна Румелија. Според спогодбата со Турција од 20 јануари 1886 г., управувањето над Источна Румелија му се поверувало на бугарскиот кнез во рок од 5 години, по кој рок ако кнезот ги исполнувал своите обрски правилно, ќе биде повторно назначен од страна на султанот, потоа т.н. непокорни села на Родопите и муслиманските села во Крџалиската област се присоединувале кон Турција и била договорена взаемна помош помеѓу Турција и Бугарија во случај на напад од трета страна.
 
На преговорите во Букурешт, Бугарија била принудена да се откаже од воена оштета и од меѓународно признание на соединувањето на Источна Румелија кон КнежествотоКнежевството. Бугарија, под притисок на Австро-Унгарија, Германија, Турција и Италија, се согласила на мир со Србија без никакви територијални отстапки или парична оштета од српска страна. Мировниот договор бил потпишан на 19 декември 1886 г. и содржел само еден член според кој од денот на потпишувањето на договорот се воспоставува состојба на мир помеѓу двете завојувани страни и се враќа предвоената состојба. Веднаш по потпишувањето на овој мир, Србија и Бугарија започнале со демобилизација на своите армии.
 
== Последици ==