Македонско движење и српската пропаганда: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Кнежество → Кнежевство
Ред 5:
{{Странски пропаганди во Македонија}}
 
По обединувањето на КнежествотоКнежевството [[Бугарија]] и [[Источна Румелија]] доаѓа до засилување на [[Бугарска пропаганда во Македонија|Бугарската пропаганда во Македонија]]. Српските владејачки кругови истакнале дека треба да се преземат енергични мерки за заштита на српските интереси во [[Македонија]] од налетите на [[Бугари]]те <ref><small>''Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски Факултет''</small> </ref>. Биле преземени активности на различни нивоа, а тоа вклучувало и придобивање на [[Македонците]] на страната на [[Србија]], а македонските дејци биле подготвени пак за соработка со секој кој би можел да им помогне да се трасира македонската идеја.
 
{{Цитатник|''Српската националистичка пропаганда, со оглед на своите слаби позиции во Македонија, испратила свои најеминентни емисари со задача да ја проучат положбата во врска со натамошната дејност меѓу македонскиот народ. Во допир со македонскиот народ емисарите установиле дека националниот дух во Македонија стигнал до тој степен што и самиот Исус Христос да слезе од небото не може да го убеди Македонецот дека тој е Бугарин или Србин'' <ref name="SDIM" />}}
Ред 21:
{{Цитатник|''Бидејќи бугарската идеја, како што ни е познато, фати длабоки корени во Македонија, јас сметам дека речиси е невозможно сосем да се поколеба изнесувајќи ја спроти неа само српската идеја. Таа идеја, се плашам, нема да биде во состојба, како чиста и гола спротивност, да ја потисне бугарската идеја, па затоа на српската идеја ќе и биде помош некаков сојузник кој би бил остро против бугаризмот, а кој во себе би имал и елементи кои народот и народните чувства можат да ги повлечат со себе, отцепувајќи ги од бугаризмот. Тој сојузник го гледам во македонизмот или, во извесни мудро одбележани граници, во одгледување на македонскиот дијалект и македонската посебност. Нема ништо толку спротивно на бугарските тенденции како тоа. Со никого Бугарите не можат да дојдат во понепомирлива положба отколку со македонизмот'' <ref name="SDIM" />}}
 
Со други зборови требало да се искористат патриотските чувства на [[Македонците]] против [[Бугарска пропаганда во Македонија|бугарската пропаганда]] и да се засилат позициите на [[Срби|Србите]]те во [[Македонија]].
 
==Српската пропаганда и македонските дејци==
 
Уште во [[1875]] година во [[Белград]] на државна сметка бил објавен вториот речник на [[Ѓорѓија Пулевски]], а со посредство на македонецот Димитар Алексиевич во [[1879]] година се започнало со издавањето на календарот [[Вардар (календар)|Вардар]]. Овој календар бил пишуван на мешан српско-македонски јазик (галички говор), а преку него се настапувало против [[Бугарска пропаганда во Македонија|бугарската пропаганда во Македонија]] <ref name="SDIM"><small>''Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980''</small></ref>.
 
Во [[1886]] година [[Српска пропаганда во Македонија|српска пропаганда]] во [[Белград]] стапила во контакт со [[Коста Групче]], [[Наум Евро]], [[Васил Карајовов]] и [[Темко Попов]], преставници на [[Таен македонски комитет|Тајниот македонски комитет]]. Тие ја изнеле својата програма во која побарале:
Ред 38:
Под покровителство на [[Српска пропаганда во Македонија|српската пропаганда]], дел од дејците на [[Таен македонски комитет|Тајниот македонски комитет]] во [[1886]] година го формирале [[Друштво Србо-Македонци|Друштвото Србо-Македонци]] од [[Цариград]].
 
Во [[1887]] година во [[Цариград]], [[Коста Групче]] и [[Наум Евро]] со посредство на српскиот дипломатски претставник [[Стојан Новаковиќ]], од Великиот везир побарале издавање на ''Македонски лист''<ref name="spomeni"><small>''Љ. Љапе, Одбрани текстови II дел''</small></ref>. Весникот требало да се издава на ''чист македонски дијалект''<ref name="spomeni"/> и би пропагирал дека:
{{Цитатник|''нашата татковина нема ништо општо со околните државички... и избегнување и строго предупредување од нивните интриги''''' <ref name="spomeni"/>}}
Ред 50:
Поради овој бунт од гимназијата биле исклучени 38 ученика, од кои 14 седмокласници. Во овој бунт предводници биле [[Даме Груев]] и [[Петар Поп Арсов]].
 
По исклучувањето на 38 ученика од [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|Солунска машка гимназија ]] тие преку [[Темко Попов]] стапиле во контакт со српскиот конзул Петар Карастојановиќ. Конзулот од своја страна им ветил дека ќе им овозможи да го продолжат образованието во Србија и дека ќе им биде дадена и финансиска поткрепа. Според [[Српска пропаганда во Македонија|српската пропаганда]] ученици по школувањето: ''требало да се вратат по своите родни места и таму да дејствуваат во полза на српската идеја''
 
До крајот на [[1888]] година во [[Белград]] се нашле 33 ученици од [[Македонија]]. Меѓу нив биле [[Даме Груев]], [[Петар Поп Арсов]], [[Христо Поп Коцев]], [[Никола Наумов]], [[Крсте Петков Мисирков]] и други. Во однос на школувањето во [[Белград]], [[Даме Груев]] кој се нашол таму како ученик истакнува дека:
 
{{Цитатник|''Ние сами го бевме пробале дејството на таа пропаганда... Ни се вети стипендија и ни се даде. И тогаш јас со уште неколку македончиња отидовме во Белград. Тука можевме да ги согледаме српските намери бидејќи силно се грижеа да ни ја внушат српската идеја и да ни го наложат српскиот јазик, кое уште повеќе не раздразнуваше'' <ref name="DAMESPO"><small>''Спомени на Дамянъ Груевъ''</small></ref>}}
 
Затоа [[Петар Поп Арсов]] и [[Димитар Попов]] меѓу младите македонци почнале да агитираат против српската пропаганда. Поради тоа [[Димитар Попов]] бил исклучен. Меѓутоа во [[декември]] [[1888]] година дошло до нов бунт на чело со [[Петар Поп Арсов]], [[Христо Поп Коцев]] и [[Никола Наумов]].
 
Поради таквата агитација тие биле исклучени, а во меѓувреме меѓу македонските ученици во [[Белград]] почнал да делува бугарскиот агент Минчович. Тој им ветил дека ако заминат за [[Бугарија]] ќе можат да дејствуваат врз македонска основа. Затоа набргу 34 ученика се нашле во [[Софија]] каде ја продолжиле својата агитација против пропагандите.
 
Имено меѓу овие ученици имало идни дејци на [[Македонско студентско друштво|Македонското студентско друштво]], [[Лозарско движење|Лозарското движење]] и [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]], односно македонската млада интелигенција тргнала по свој сопствен пат од кој немало враќање назад.
Ред 66:
И покрај сите обиди на српските пропагандисти да ги искористат [[Македонците]] сепак таквото делување на [[Српска пропаганда во Македонија|српската пропаганда]] имала позитивно влијание во развојот на македонското национално движење, а тоа го констатирал и самиот [[Стојан Новаковиќ]] во српскиот весник [[Отаџбина (весник)|Отаџбина]]:
 
{{Цитатник|''Најпосле има уште една појава која не може да се испушти од предвид. Тоа е стремежот на Македонците да бидат самостојни, што бара пат по средина на сите погоре спомнати стремежи ( станува збор за пропагандите б.н). И овој стремеж почна да се буди, особено поради спротивностите меѓу бугарскиот и македонскиот говор, меѓу бугарскиот и македонскиот карактер од времето кога бугарската пропаганда почна претерано о остро да удира по македонските особености во името на панбугаризмот'' <ref name="OTAZBINA"><small>''Стојан Новаковиһ, Бугарске школе у Македонији. Отаџбина, 1888 бр. 16, с. 91''</small> </ref> }}
 
Српската пропаганда не успеала да ја реализира својата намера, односно кога [[Македонците]] ја насетиле таквата позадина, тргнале по свој сопствен пат дистанцирајќи се од сите надворешни влијанија. [[Крсте Петков Мисирков]] во својата книга [[За македонцките работи]] истакнува: