Бад Белциг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: кнежество → кнежевство
Ред 64:
Меѓутоа, имотите веќе биле изгубени во словенското востание од 983 и не биле повторно освоени до 1153 од Алберт Мечката од династијата Асканија. Во 1251, замокот (''Burg Eisenhardt'') и блиската населба станале дел од [[Саксо-Витенберг]] под водство на наследникот на Алберт, војводата Алберт Први. Меѓутоа бил присвоен од бискупите на Магдебург, чии силе го уништиле Белциг во 1406. Обновениот замок бил повторно нападнат од [[Хусити|хуситскиот]] генерал Прокоп Велики, кога ја нападнал Саксонија во 1429, по што изборниот кнез Ернест го проширил во тврдина. Во текот на [[Триесетгодишна војна|Триесетгодишната војна]] бил освоен од трупите на [[Шведско царство|Шведска]] во 1636, по што изборниот кнез Јохан Георг Први се здружил со царот Фердинанд Втори со Прашкиот мир.
 
[[Романска архитектура|Романската]] црква „Св. Богородица“ е изградена кон крајот на 13 век. Според записот во главниот камен на западниот влез, [[Мартин Лутер]] проповедал овде на 14 јануари 1530. Бад Белциг добил градски права во 1702. Во текот на [[Војна на Шестата коалиција|Војната на Шестата коалиција]] на 27 август 1813, трупите на [[Прво француско царство|Француското царство]] и Саксонија биле нападнати од [[Кралство Прусија|пруските]] и [[Руско царство|руските]] сили близу селото Хагелберг. Борбата завршила со пораз на Французите, додека неколку саксонски единици преминале кај Прусите. Според [[Виенски конгрес|Виенскиот конгрес]] Бад Белциг бил предаден на Прусија и станал дел од покраината Бранденбург, откако припаѓал на Изборното кнежествокнежевство Саксонија со векови наназад.
 
Во 1934 била основана фабрика за муниција, вклучувајќи работен камп со околу 1.500 присилни работници. Во текот на периодот 1936-1945, Замокот Ајзенхарт бил седиште на школа за техничка помош при несреќи (техничката помош при несреќи била укината во мај 1945, но идејата била обновена од Ото Лумич во форма на Техничка помош во 1950, која постои и денес како еден од столбовите на германската цивилна заштита). Помеѓу 1940 и 1945 во близина се наоѓал подкамп на женскиот концентрациски камп Равенсбрик со околу 750 затвореници. Бад Белциг бил исто така седиште на голем [[радио]] предавател, изграден во 1939. Во 1952 градот станал административно седиште на округот Белциг и во 1993 на новосоздадениот округ [[Потсдам-Мителмарк]]. Во 1995 Бад Белциг ја добил официјалната титула за климатско-здравствено одморалиште. Почнувајќи од март 2010, името на градот било променето во „Бад Белциг“.