Македонство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: 19 век → XIX век using AWB
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 5:
Основата и целта на македонството е преку истакнување и афирмација на македонската национална посебност да се истакне правото за основање и создавање на македонска национална држава. Македонството како идеа и идеологија својата појава ја темели во процесот на [[Македонска преродба|македонската национална преродба]] во втората половина на [[XIX век]], кога одредени преродбеници и национални дејци повикувајќи се на македонското античко наследство ја поткрепуваат својата борба и залагање најпрвин за национално и духовно ослободување во однос на грчкиот, а потоа и на бугарскиот и српскиот национализам, национална пропаганда и големодржавни идеи. Идеата на македонството и македонизмот, како доктрина опстојува и подоцна во периодот по поделбата на [[Македонија]], периодот балканските и двете светски војни во екот на национално-ослободителните борби, како и после периодот на осамостојувањето на [[Македонија]], сѐ до денес. Македонизмот како идеа и национална македонска доктрија е отворено негативно прифатен и осудуван од официјалните политики на [[Бугарија]] и [[Грција]], а има идеолошки и политички противници и во самото македонско општество и политички живот како од политичките партии и поединци на етничките заедници, но и на етнички [[Македонци]].
 
Иако е јасно препознаен и идентификуван како национална идологија и доктрина во [[Македонија]] и во странство, особено во соседните држави, македонизмот или македонството, не е јасно теоретски образложен и конципиран во современа политичка и идеолошка смисла и објавен во посебно дело, ниту пак е конкретно промовиран од државните установи или политичките партии. За првична концептуализација на македонстовото како конкретна политичка доктрина, може да се земе книга [[За македонцките работи]] од [[Крсте Петков Мисирков]], објавена во [[1903]] година. Во неа се истакнати и објаснети сите основни постановки на македонската национална самобитност, преточени во засебните поглавја, како што се: аргументи за етнографската целовитост и засебност на [[Македонија]] и [[Македонци]]те, размисли за македонскиот литературен јазик како орудие и алатка за национална емаципација и делување (преку просветата и науката), согледби и идеи за политичкото делување на Македонците во тогашните политички услови (воведување македонска народност во отоманските нуфузи итн).
 
==Појава==